Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеленски: Русија испраќа убијци од Сирија во Украина

0
By Biljana on March 11, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: timesofisrael.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија најмува „убијци“ од Сирија за да се борат во Украина, откако Москва рече дека на борците од земјата разурната од војна ќе им биде дозволено да им се придружат на нејзините сили.

– Ова е војна со многу тврдоглав непријател … кој одлучи да користи платеници против нашите граѓани. Убијци од Сирија – земја во која сè е уништено … како што прават овде со нас, рече тој во видео обраќање објавено на Телеграм.

Зеленски рече дека Европската унија „треба да направи повеќе“ за неговата земја која е во проблеми, еден ден откако лидерите на ЕУ ги урнаа нејзините надежи за брзо приклучување кон Унијата, пренесува Бгнес.

– Европската унија мора да направи повеќе. Мора да направи повеќе за нас, за Украина, повика тој. „Одлуките на политичарите мора да се совпаѓаат со чувствата на нивните народи“.

– Вчера беше многу важен состанок на лидерите на ЕУ, долг и значаен. Знаеме што кажаа сите лидери на оваа средба, кои зборуваа конкретно, кои не поддржаа, кои молчеа и кои се обидоа да убедат дека формулацијата сè уште е недоволна за Украина, за Европа и за нашата заедничка слобода. Како ја оценуваме донесената одлука? Таа мора да биде покатегорична. Тоа е она што го чекаме“, рече тој.

Според него, огромното мнозинство граѓани на ЕУ се на мислење дека Украина треба да стане дел од Европската унија.

„Европејците се свесни за тоа. Одлуката од вчерашната средба на лидерите на ЕУ сега ќе ја разгледува и Европската комисија. За спроведување, за конкретни процедури, ЕУ мора да направи повеќе за нас, за Украина и за себе. Го чекаме тоа“, нагласи Зеленски.

војници Зеленски Сирија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.