Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека денес планира контакти со Германија, Франција и Италија за да разговараат за напредокот кон мирот.
Во објава на Фејсбук, Зеленски прецизираше дека станува збор за телефонски разговори и контакти со меѓународни партнери заради вистински напредок кон постигнување мир во војната со Русија, и како рамка предложи три приоритети, прекин на огнот, самит на лидери и долгорочна безбедност, пренесува Укринформ.
Како што истакна, планирани се неколку разговори, вклучувајќи и разговор со германскиот канцелар Фридрих Мерц, пренесува Укринформ.