Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека украинските трупи во североисточниот дел на земјата се борат против странски платеници од Кина, Пакистан и неколку африкански држави.
Зеленски ја обвини Русија за регрутирање странски борци, додека Пекинг ги отфрли ваквите тврдења. Според светските медиуми, илјадници севернокорејски војници биле распоредени во рускиот Курски регион.
Украинскиот претседател ова го соопшти по посетата на фронтовската линија во Харковската област, каде разговарал со командантите за одбраната на Вовчанск и текот на борбите.