Грција ја продолжи забраната за влез на државјани на трети земји до 31 август

Забраната не важи за земјите членки на Европската унија и Шенген зоната, како и за државјаните на Австралија, Грузија, Канада, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Обединетите Арапски Емирати. Исто така, исклучок се и одредени категории граѓани, како што се медицинскиот персонал и здравствените работници, оние кои имаат дозвола за престој во земја членка на ЕУ или земја од Шенген зоната, членови на владини мисии, дипломати, превозници, возачи на камиони што пренесуваат стоки, транзит на патници, студенти, лица кои се грижат за стари лица и лица со инвалидитет, како сезонски земјоделски работници

Забелешки на туристите: Најниски оценки за патиштата и хигиената на јавни места

Патната мрежа и хигиената на јавните места добиле најниска оценка од посетителите кои биле анкетирани на граничните премини при влез во Македонија додека највисока оценка дале за однесувањето на луѓето, покажуваат објавените податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС)

Максимум пет часа за транзит на странците, за Македонците неопходна изјава и ковид тест

Странските државјани можат да транзитираат низ Република Северна Македонија, но смеат да се задржат во земјава максимум пет часа. Според усвоениот владин протокол, транзитот на овие...