НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеленски вечерва пристигнува во Тирана на дводневниот самит Украина-Југоисточна Европа

0
By Marija Todorovska on February 27, 2024 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во следните два дена Тирана ќе биде домаќин на дводневнот самит Украина-Југоисточна Европа.

Првиот ќе се одржи утре, на 28 февруари, кога за првпат во земјата ќе се организира самит посветен на Украина, на кој ќе присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој вечер треба да пристигне во албанскиот главен град.

Вториот ден од самитот, на 29 февруари ќе биде посветен на планот за економски раст на регионот, забрзување на реформите и вложување инвестиции кои можат да го унапредат процесот на проширување на Европската унија со овие земји. На оваа средба ќе присуствува и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен.

-Претставник на Косово ќе биде претседателката Вјоса Османи, која за еuronews albania го потврди своето присуство во Тирана за време на двата дена на самитот. Од Србија ќе присуствува претседателот Александер Вучиќ. На самитот за Украина преку видео порака ќе се обрати и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додава телевизијата.

Според истиот извор, центар на случувањата ќе биде Конгресната палата, место каде сите лидери прво ќе ги пречека премиерот Еди Рама, потоа на ред ќе дојдат седниците кои ќе будат затворени за јавноста, а на крајот на денот се очекува да има конференција за медиумите.

Поради самитот и посетата на Зеленски, безбедносните мерки во Тирана подигнати се на највисоко ниво. Директорот на Одделот за јавен ред и безбедност, Ребани Јаупи, денеска информираше дека мерките ќе почне да се спроведуваат од денеска, за што ќе бидат ангажирани над 1600 полициски сили од сите структури, потоа единицата за брзо распоредување, специјалната единица „РЕНЕА“, националната гарда и други структури.

Според него на меѓународниот аеродром во Тирана веќе се припадниците на секторот за антитероризам, припадници на тајната служба, ШИШ и РЕНЕА за да ја проверат безбедноста на аеродромот.

Зеленски Самит Тирана Украина-Југоисточна Европа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.