Тajпej: Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска брегот на Тајван, на 136 километри од градот Килунг во североисточниот дел на островот, објави тајванската Централна метеоролошка управа.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 114 километри.
Засега нема извештаи за повредени луѓе или причинета материјална штета.