Научниците, минатата година, дошле до изненадувачки сознанија, откривајќи дека во последните 50 години, во 2020 година биле регистрирани 28 најкратки денови. На што се должи забрзувањето на ротацијата на планетата Земја, научниците сè уште не можат со точност да откријат, иако како што пренесуваат светските истражувачки сајтови, постоеле мноштво претпоставки врз основа на кои забрзано се работи.
Изненадувањето за оваа појава е дотолку поголемо што, според научниците кои долги години работат на ова, би требало нашата планета да го забави вртењето околу својата замислена оска, а не да го забрзува.