Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Земјоделците од струмичкиот регион ја фрлаат зелката

0
By Томе Христов on May 5, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 5, 2014 15:44

„Земјоделските површини ни се поплавени, едвај ја вадиме зелката од нивите за да ја дадеме по 5 денари и тоа на сила, велат земјоделците од струмичкото село Добрејци. „Со таа цена не можеме да си ги платиме семенските материјали“.

Има и такви кои незадоволни од ниската цена ја оставаат зелката и по нивите. Вината ја гледаат во нелојалната конкуренција од страна на откупувачите кои според нив ја диктираат цената.

„Пазарот немаше никаков притисок за цената на зелката од 40 денари за една недела да падне на 5 денари“, вели за НОВА Ацо Стоилков, сопственик на фирмата „Максмоларски ној“ од Струмица.

Причината, како што вели, е во групацијата на извозници во струмичкиот регион кои придонеле да ја креираат судбината на 30 илјади земјоделци.

„Апелирам до Министерството за земјоделство и државните институции да се залагаат повеќе, зошто пазар за извоз на зелката има во европските земји и цената е се уште висока. Денеска ја откупуваме по 6 денари, за разлика од пред една недела пред изборите кога беше 13 денари“, вели Стоилков.

Тој вели дека од самиот старт постоело простор да се одржи висока цена која ќе го исплати и трудот на земјоделците, но, како што истакна, групација на неколку извозници во струмичкиот регион придонеле денеска зелката да се откупува по цена која не може да ги покрие ниту трошоците за семенските материјали.

Земјоделците кои денеска ја даваа зелката по цена од 5 денари велат никогаш немало ваква ситуација кога пролетната зелка сеуште нестасена се откупуваше по 15 денари, за веднаш после изборите да се откупува по 5 денари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.