Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Земјоделците од Овчеполскиот регион со блокада на експресниот пат Штип-Велес го изразија револтот поради проблемот со наводнување на нивите

0
By Marija Todorovska on June 18, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 18, 2024 14:09

Земјоделците од Овчеполскиот регион со трактори го блокираа експресниот пат Штип-Велес. Револтирани се што земјоделските култури засеани на нивните ниви се жедни за вода, бидејќи од вчера повторно немаат вода за наводнување од Хиддросистемот „Брегалница“.

Драги Павлов од село Црнлиште вели дека земјоделските површини на кои одгледуваат детелина, бостан, лозја, пиперки, патлиџани се оставени без вода, со што како земјоделци трпат штети и годинава ќе им бидат намалени приносите. Забележува дека околу земјоделците од 15 села во општините Свети Николе и Лозово со децении имаат проблеми со наводнувањето од ХС „Брегалница“, а какошто вели Павлов надлежните од овој систем за наводнување не се придржуваат на планот за рестрикции на водата за наводнување.

-Во каналот за наводнување нема капка вода и овој народ ќе има последици и бараме водата да ни ја пуштат веднаш. Штетите на земјоделските култури се огромни, имаме површини каде што нема ниту капка вода за наводнување, а сите плаќаме воден надоместов, вели Павлов.Земјоделецот Владо Здравковски се пожали дека со децении е истиот проблем за земјоделците од Овче Поле.

-Се изгоре и веќе е ова срамно за оваа држава. Мицковски да ги слушне земјоделците од овој регион, вели Здравковски.

Земјоделците кои со својата механизација го блокираа експресниот пар Штип-Велес бараат решавање на проблемот со наводнувањето на нивите во Овчеполскиот регион. Во текот на попладневните часови ќе имаат состанок,на кој ќе одлучат на кој начин ќе го изразуваат својот револт. Инаку денеска половина час беше целосно блокиран ескпресниот пат Штип-Велес, по што беше ослободена една колововна лента и сообраќајот го регулираа полициски службеници. Директорот на АД Водостопанство „Брегалница“, Благојчо Богатинов вчера за МИА потврди дека водата  е запрена водата за наводнување за Овчеполскиот регион и се следи планот за наводнување.

-Имаме рестрикции на водата и план за наводнување, изминатиот период во Светиниколско имавме неколку дефекти на системот за наводнување, успеавме да ги решиме, за време на викендот земјоделците имаат вода да ги наводната своите ниви, кои според пријавеното треба да бидат околу 3.000 хектари, вели Богатинов.

Тој посочи дека во моментов водата од системот за наводнување сега се пренасочува кон нивите под ориз во кочанско-виничкиот регион, бидејќи по прскањето на нивите под ориз сега е потребно да бидат наполнети со вода. Богатинов забележа дека станува збор за стар систем, на кого му треба санација, но и долгоречно решение, какошто е изградба на цевковод до селата во Овче Поле, за да нема загуби или кражби на водата за наводнување, а ова регионалната подружница кубури и со стручен кадар

блокада земјоделци наводнување ниви Овчеполе
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.