Најмалку три лица загинаа, меѓу кои едно девојчe на девет години, а најмалку 200 се повредени од земјотресот од 6,1 степени што утринава ја погоди Осака, Јапонија.
Замјотресот кој утринава ја погодил Осака во 8 часот по локално време, урнал ѕидови, предизвикал пожари, ги распукал патиштата и кршел цевки за вода, оставајќи ги куќите без вода.
Целиот утрински сообраќај е прекинат, откажани се десетици домашни летови кон и надвор од Осака, а запрени се и железничкиот сообраќај и метрото.