Земјотрес со локална магнитуда од 2,9 степени по Рихтер е регистриран утрово, во 7:34 часот на 115 километри, источно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Пехчево, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

Според податоците на Опсерваторијата, интензитетот на земјотресот е III степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот бил почувствуван од населението во Пехчево, Берово и околината.