Серијата силни земјотреси околу Петриња создадоа дури триесетина дупки од кои најголемата е широка дваесетина метри. Таа се наоѓа во хрватското село Меченчани и, според хрватските медуми, продолжува да се шири.
Дупката, широка дваесетина метри и длабока најмалку пет метри, е оградена, а по геолошките прегледи ќе се одлучува за можна санација, утврдија хрватските геолози.
„Станува збор за колапс предизвикан од комбинација на суфузија и уривање на варовнички карпи под површината натопена во вода. Малите честички се воденат и се создаваат празнини, а земјотресот беше причина за тоа да се случи во вакви размери“, изјавил за „Хина“ Јосип Терзиќ, раководител на Одделот за хидрогеологија и инженерска геологија на Хрватскиот геолошки институт.
Тој исто така рекол дека по обиколката во областа околу селото меѓу Петриња и Хрватска Костајница, пријавени се околу триесетина дупки, од кои некои се во непосредна близина на куќите, или како најголемата, на нива.
Додал дека ситуацијата во пошироката област наскоро ќе се сними со беспилотни летала со цел да се утврди дали им повеќе дупки во земјата во околина.