Земјотресот со јачина од 6,5 степени според Рихтер кој денеска го погоди Порторико би можел да предизвика цунами.
Епицентарот на потресот бил на длабочина од 27 километри под морското ниво, односно 56 километри северно од порториканското место Хатило. Според американската геолошка служба нема вести за настаната штета.
Пацифичкиот центар предупредува од можно цунами. „Постои мала опасност од локално цунами кое може да го погоди брегот долж 100-тина километри од епицентарот“, соопштуваат од центарот.