Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зетот просечен, шурата богат – што поседува семејството на Иванов

0
By Нова ТВ on May 5, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На Водно, најелитната населба во метрополата, и веројатно и во државата. А овде над училиштето „Кочо Рацин“ е епицентарот на Водно или најелитната од елитните.  Блиску е резиденцијата на американскиот амбасадор, а сосед на Бејли е претседателот Иванов – лицето кое беше инспирација за оваа прошетка на НОВАТВ.

Во оваа зграда живеат три семејства. „Партениј Зографски“ број 61 е дом на медиумскиот магнат Срѓан Керим и неговата сопруга Снежана Лазова Керим кои го поседуваат првиот кат, семејството на извесен Роберт Јанев е над нив, а сопственик на најгорниот трет кат е Сашо Тоневски.

Според имотниот лист во Катастар, Сашо Тоневски во зградата на „Партениј Зографски“ поседува два стана. Едниот е со површина од 138, а другиот е од 119 метри квадратни.

Ова име во јавноста до скоро не значеше ништо, но вниманието кон него го сврте портпаролот на СДСМ Петре Шилегов. Сашо Тоневски е брат на првата дама во Македонија, Маја Иванова, сопругата на Претседателот Ѓорѓе Иванов. Шилегов објави документ дека Тоневски има деловни врски со земја од даночниот рај – Панама.

„Фирмата „„Лип Корп Панама“ е основач и сопственик на фирмата „Делфино травел Балканс“. А, Сашо Тоневски е еден од сопствениците и управител на оваа фирма, која пред само неколку дена, или во време кога почна да се шири скандалот со перењето пари во панамски фирми, „Делфино травел Балканс“ згаснала и била избришана од Централниот регистар.“, изјави на 12 април портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

Токму оваа објава на СДСМ, беше повод НОВАТВ да ја истражува имотната состојба на шурата на шефот на државата и неговите бизниси.

Зградата во која што живее семејството Тоневски е легализирана во 2012 година, дотогаш се водела како дивоградба. Според имотниот лист од Катастар, становите на име на Тоневски се впишани на 20 декември 2012 година.

Според имотниот лист една година пред легализацијата, на 5 декември 2011, становите биле ставени под хипотека во ТТК Банка, во вредност од 365,000 евра. Освен овие два стана, на име на Тоневски во Катастарот е запишан и друг недвижен имот.

Во Нерези шурата Сашо и зетот Ѓорѓе во 2010 година купиле пасиште со површина од 189 квадрати. Во село Нерези имаат и нива од 395 квадрати.

Тоневски лани се подновил, па во екот на сезоната на 30 јули, си купил нов стан од 65 квадрати во Охрид.

imot 2Но, ова е само приватниот имот на Тоневски. НОВАТВ од Централниот регистар извади документи за фирмите на име на Сашо Тоневски. На адресата „Илинденска“ број 3, зградата во која што се уште има стан Претседателот Иванов во кој што живееше пред да се пресели во вилата Водно, се регистрирани три фирми: „Делфино травел агенци“, „Делфино травел“ и „Делфино рент-а-кар“.

Најстара е туристичката агенција „Делфино травел“ формирана во 1995 година. На 26 октомври 2011 ја формира„ Делфино рент-а-кар“, а на 21 март 2012 бизнисот се проширува и на истата адреса ја регистрира фирмата „Делфино травел агенци“, која освен со туризам се занимава и со посредување, консалтинг, лизинг, шпедиција.

Старата „Делфино“ во изминатите две години остварила ситни приходи од околу 10, 000 евра. Но, затоа новите фирми работеле турбо – во последните две години „Делфино рент-а-кар“ и „Делфино агенци“ заедно имале обрт од речиси 3,2 милиони евра.

Ништо не е познато за работењето на четврата фирма поврзана со Панама. СДСМ ја обелоденија, додека од Кабинетот на Претседателот тврдеа дека таа компанија немала никакви трансакции и дека истата била ликвидирана уште што 2015 година. Документите коишто НОВАТВ ги доби од Централниот регистер покажуваат дека тоа не е вистина – фирмата била избришана годинава на 12 април, една недела откако изби аферата Панама пејпрс.

НОВАТВ го побара Тоневски во агенцијата и испрати прашања за панамската фирма, но одговори не ни стигнаа.

Семејството Иванови важи за просечно македонско семејство, но нивниот роднина може да се вброи во поимотните семејства сместени во соседството на дипломатите, семејствата Камчеви и Стојменови, а дека позицијата е одлична за домување покажаа и бомбите на опозицијата, каде што дури и кумот од првиот брак на премиерот, Никола Груевски, Ристо Новачевски меркаше плацеви со својата фирма од Белизе.

Ѓорѓе Иванов Панама Сашо Тоневски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.