САД ќе ја зајакнуваат безбедноста на странските аеродроми од кои има директни летови кон нејзините градови, според американски функционери постои загрижени поради тоа што оперативците на Ал Каеда во Сирија и во Јемен подготвуваат бомби коишто можат да се прокриумчарат во авион.
Секретарот на американската национална безбедност Џеј Џонсон вчера рече дека мерките ќе бидат превземени деновиве без да прецизира на кои аеродроми ќе се спроведат. Претставник на одделот за национална безбедност пак кој инсистирал на анонимомност рекол и дека аеродромите на кои се планираат засилени мерки се наоѓаат во Европа и на Блискиот исток.
Оваа објава доаѓа во време на загриженост дека терористички организации развиваат нови експлозиви кои може да ги пренесат и покрај аеродромското обезбедување.
Полициски и безбедносни извори за Reuters рекле дека САД и европските власти разговараат за мерки коишто би можеле да вклучуваат посебни контроли на електрониката и облеката на патниците кои патуваат кон САД, како и поставување дополнителни уреди за откривање бомби.