Доктор Жан Митрев денеска е повикан на распит во Основното јавно обвинителство Скопје.

Од Обвинителството потврдуваат дека Жан Митрев е повикан на распит за определени околности во врска со предмет што е оформен по допрен глас во ОЈО Скопје.

Обвинителството на 18 јули годинава оформи предмет по допрен глас, откако ИРЛ објави истражување за работата на клиничката болница „Жан Митрев“ и доктор Жан Митрев.