Прво морам да кажам дека за да се постигне договорот од Преспа беа потребни решителност, посветеност и лидерство од двете страни. И тоа го видовме со потпишувањето, преку процесот на ратификација во Собранието, а јас сум оптимист дека тоа ќе го видиме и во Грчкиот парламент многу брзо. Останувам оптимист и гледам посветеност кај двете страни целосно да го спроведат договорот, вели евроамбасадорот Самуел Жбогар во интервју за Радио Слободна Европа.
„Она што го гледам е посветеност кај грчкиот премиер да го спроведе договорот во грчкиот парламент. И јас верувам на неговата посветеност и решителност. И мислам дека треба да останеме оптимисти и да се фокусираме на позитивен развој, вели во евроамбасадорот Жбогар.
На прашањето, што доколку Македонија не испорача резултати до јуни кога треба да заседава Советот на Европската унија, што ќе значи тоа за нашата евроатланска иднина, Жбогар со одговор:
Генерално, јас размислувам оптимистички, позитивно и размислувам на позитивни решенија. Не мислам дека треба да размислуваме за негативни сценарија, туку треба да ја фокусираме целата енергија на исполнување на реформите. Знаете, да се постигне Преспанскиот договор, да се ратификува, да се смени Уставот, тоа бара многу посветеност, решителност, сила и самодоверба како нација. Само треба да го искористите истото во спроведување на реформите. Ако ја видиме истата искрена посветеност кај реформите, не мислам дека треба да се грижите за тоа што ќе се случи во јуни. Целото интервју со евроамбасадорот Самуел Жбогар е на следниот линк.




