Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Железничка зграда во фокусот на настанот „Кога зградите би зборувале“

0
By Нова ТВ on September 29, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Целиот комплекс на Железничка зграда во Скопје и старото кино кое е дел од овој објект е во многу лоша кондиција и овој простор би можел да претставува мултимедијален простор во кој ќе има можност да се случуваат дебати, изложби, дискусии. Тој треба да биде од интерес за  општинските власти со што би помогнале киното да продолжи да живее како заедничка содржина на сите станари, а не да се претвори во простор кој е мамка за станарите за присвојување во приватни цели“, вели Ивана Васева кураторка на проектот „Кога зградите би зборувале“ кој ќе се одржи викендов (сабота и недела) во киното на Железничка зграда во Скопје.

Дводневниот настан опфаќа панел дискусија утре од 11 часот, со гостите од градовите-партнери на проектот Белград и Загреб и професори од Архитектонскиот факултет од Скопје, а ќе учествуваат и тројца станари на зградата Иван Џијановски, Слободан Кочевиќ и Томе Каревски.

В недела пак од 12 часот предвиден е перформанс кој е дел од придружната програма на фестивалот „Млад отворен театар“, а учествуваат актерките Кристина Леловац, Сања Арсовска, Јасмина Василева и Долорес Поповиќ и самите станари.

Комплексот Железничка колонија изграден 1946 година, проектиран од архитект Михаил Дворников во Скопје претставува еден од најважните прототипови на интегрирано живеење во рамките на периметрален блок со централен двор во Република Македонија. Овој тип на станбен блок (Железничка колонија) се гради во време кога Ле Корбизје го гради Марсејскиот блок (Unite d’Habitation)  што претставува културно светско наследство прогласено од УНЕСКО. Железничката колонија во Скопје е објект наменет за живеење на луѓе вработени во Државна дирекција за железници–Скопје во рамки на сојузната југословенска управа. Објектот е станбен блок со намена живеење, а е организиран со мултиплицирање на повеќе секции околу централен заеднички двор.

„Зградата ја преживеа поплавата во 1962, земјотресот во 1963, па и ланските земјотреси кои ни направија големи штети. Ние тројца кои го одржуваме зеленилото, дел од дрвцата се засадени кога се менуваше локалната власт на минатите избори. Порано имаше во секој ќош липи, но станаа опасност за становите. Сè правиме сами“, вели Иван Џијановски кој е еден од станарите вклучен во проектот од самиот почеток.

Филип Јовановски, автор на перформансот и дел од организацискиот тим вели дека целта е да се покаже како уметноста и културата на еден партиципативен начин на вклучување на заедницата влијае на одредени општествени промени.

„Она што ме  интересира е создавање на уметнички проекти кои се поврзани со заедницата, во овој случај станарите од Железничка зграда со кои заедно градевме одредена приказна и дел од тој процес ќе биде претставен на перформансот в недела во 12 часот.  Овој проект  го покренува прашањето за важноста на јавниот простор, на социјалното домување и колективот воопшто, сè она што опфаќа оваа зграда. Што се однесува на перформансот, темата е самата зграда; едната линија  е прошетка низ меморијата на тројца станари Иван, Томе и Слободан, и преку нивното сеќавање правиме прошетка за публиката низ оваа зграда, а втората е самото кино каде се одржувале секакви настани. Самата идеја да се проектира кино во еден станбен објект била многу напредна и сакаме да го потенцираме значењето на тој објект“, подвлекува Јовановски.

„Вклучен сум во проектот од самиот почеток пред две години и за мене како архитект беа важни две насоки: времето кога е изградена зградата и како таа се менувала и пригадолувала и како се вклопува во денешен контекст и втората односите на луѓето во самата зграда. Зградата е еден мал организам постојан изложен на промени кои се видливи и тие трансформации на зградата и луѓето ми се фокусот на утрешниот панел со гостите-колеги од Србија, Хрватска и професорите од Архитектонскиот факултет, а перформансот во недела го заокружува целиот процес. Инаку, како архитект не би менувал ништо на зградата, само би го вратил објектот на почеток, односно дворот би го отворил од двете страни и би ја продолжил пешачката пасарела за да комуницира просторот“, вели Дејан Ивановски, истражувач и ко-автор на сценариото.

Процесот „Кога зградите би зборувале“ подразбира истражување на Железничка зграда во Скопје од ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/ Скопје, комплексот на згради Белвил во Белград во соработка со партнерот Супервизуелна и Фабриката Пенкала – Мостер во Загреб, во соработка со организацијата „Фрлачи на сенки“ од Загреб, во периодот од октомври 2015 – септември 2017 година.

Проектот е поддржан од Balkans Arts and Culture Fund (BAC). BAC е спроведуван од Швајцарската влада преку Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Европската културна фондација (ECF).

Железничка зграда Ивана Васева Кога зградите би зборувале Филип Јовановски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
ФОКУС

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

ВЕСТИ October 31, 2025

Кинескиот министер за одбрана Донг Џун денеска во разговорите на високо ниво во Малезија изјави…

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

October 30, 2025

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.