Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Железничка зграда во фокусот на настанот „Кога зградите би зборувале“

0
By Нова ТВ on September 29, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 29, 2017 15:33

„Целиот комплекс на Железничка зграда во Скопје и старото кино кое е дел од овој објект е во многу лоша кондиција и овој простор би можел да претставува мултимедијален простор во кој ќе има можност да се случуваат дебати, изложби, дискусии. Тој треба да биде од интерес за  општинските власти со што би помогнале киното да продолжи да живее како заедничка содржина на сите станари, а не да се претвори во простор кој е мамка за станарите за присвојување во приватни цели“, вели Ивана Васева кураторка на проектот „Кога зградите би зборувале“ кој ќе се одржи викендов (сабота и недела) во киното на Железничка зграда во Скопје.

Дводневниот настан опфаќа панел дискусија утре од 11 часот, со гостите од градовите-партнери на проектот Белград и Загреб и професори од Архитектонскиот факултет од Скопје, а ќе учествуваат и тројца станари на зградата Иван Џијановски, Слободан Кочевиќ и Томе Каревски.

В недела пак од 12 часот предвиден е перформанс кој е дел од придружната програма на фестивалот „Млад отворен театар“, а учествуваат актерките Кристина Леловац, Сања Арсовска, Јасмина Василева и Долорес Поповиќ и самите станари.

Комплексот Железничка колонија изграден 1946 година, проектиран од архитект Михаил Дворников во Скопје претставува еден од најважните прототипови на интегрирано живеење во рамките на периметрален блок со централен двор во Република Македонија. Овој тип на станбен блок (Железничка колонија) се гради во време кога Ле Корбизје го гради Марсејскиот блок (Unite d’Habitation)  што претставува културно светско наследство прогласено од УНЕСКО. Железничката колонија во Скопје е објект наменет за живеење на луѓе вработени во Државна дирекција за железници–Скопје во рамки на сојузната југословенска управа. Објектот е станбен блок со намена живеење, а е организиран со мултиплицирање на повеќе секции околу централен заеднички двор.

„Зградата ја преживеа поплавата во 1962, земјотресот во 1963, па и ланските земјотреси кои ни направија големи штети. Ние тројца кои го одржуваме зеленилото, дел од дрвцата се засадени кога се менуваше локалната власт на минатите избори. Порано имаше во секој ќош липи, но станаа опасност за становите. Сè правиме сами“, вели Иван Џијановски кој е еден од станарите вклучен во проектот од самиот почеток.

Филип Јовановски, автор на перформансот и дел од организацискиот тим вели дека целта е да се покаже како уметноста и културата на еден партиципативен начин на вклучување на заедницата влијае на одредени општествени промени.

„Она што ме  интересира е создавање на уметнички проекти кои се поврзани со заедницата, во овој случај станарите од Железничка зграда со кои заедно градевме одредена приказна и дел од тој процес ќе биде претставен на перформансот в недела во 12 часот.  Овој проект  го покренува прашањето за важноста на јавниот простор, на социјалното домување и колективот воопшто, сè она што опфаќа оваа зграда. Што се однесува на перформансот, темата е самата зграда; едната линија  е прошетка низ меморијата на тројца станари Иван, Томе и Слободан, и преку нивното сеќавање правиме прошетка за публиката низ оваа зграда, а втората е самото кино каде се одржувале секакви настани. Самата идеја да се проектира кино во еден станбен објект била многу напредна и сакаме да го потенцираме значењето на тој објект“, подвлекува Јовановски.

„Вклучен сум во проектот од самиот почеток пред две години и за мене како архитект беа важни две насоки: времето кога е изградена зградата и како таа се менувала и пригадолувала и како се вклопува во денешен контекст и втората односите на луѓето во самата зграда. Зградата е еден мал организам постојан изложен на промени кои се видливи и тие трансформации на зградата и луѓето ми се фокусот на утрешниот панел со гостите-колеги од Србија, Хрватска и професорите од Архитектонскиот факултет, а перформансот во недела го заокружува целиот процес. Инаку, како архитект не би менувал ништо на зградата, само би го вратил објектот на почеток, односно дворот би го отворил од двете страни и би ја продолжил пешачката пасарела за да комуницира просторот“, вели Дејан Ивановски, истражувач и ко-автор на сценариото.

Процесот „Кога зградите би зборувале“ подразбира истражување на Железничка зграда во Скопје од ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/ Скопје, комплексот на згради Белвил во Белград во соработка со партнерот Супервизуелна и Фабриката Пенкала – Мостер во Загреб, во соработка со организацијата „Фрлачи на сенки“ од Загреб, во периодот од октомври 2015 – септември 2017 година.

Проектот е поддржан од Balkans Arts and Culture Fund (BAC). BAC е спроведуван од Швајцарската влада преку Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Европската културна фондација (ECF).

Железничка зграда Ивана Васева Кога зградите би зборувале Филип Јовановски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026

Пукање во американски кампус во Јужна Каролина – две лица убиени

February 13, 2026

Курти: Просечна плата во косово од 1.000 евра!

February 13, 2026

Министер во кабинетот на Трамп: Порано шмркав кокаин дури и од тоалетната школка

February 13, 2026

Сеул тврди дека Ким Јонг Ун ја назначил ќерка му за негова наследничка

February 12, 2026
ФОКУС
February 14, 2026

Минхен: САД и Европа се поврзани но партнерството мора да се прилагоди

ВЕСТИ February 14, 2026

Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека судбините на САД и Европа се „поврзани“, во…

Јотова: Северна Македонија лобира да го заобиколи првиот кластер но да не се лаже дека постои полесен пат до ЕУ

February 14, 2026

Кос: Во следното проширување на ЕУ нема да дозволиме да влезат „Тројански коњи“

February 14, 2026

Левица: Падна една недопирлива – победи јавниот притисок за Цвета Ристовска

February 13, 2026
ТИКЕР

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026

Пукање во американски кампус во Јужна Каролина – две лица убиени

February 13, 2026

Курти: Просечна плата во косово од 1.000 евра!

February 13, 2026

Министер во кабинетот на Трамп: Порано шмркав кокаин дури и од тоалетната школка

February 13, 2026

Сеул тврди дека Ким Јонг Ун ја назначил ќерка му за негова наследничка

February 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.