Published: Friday, February 13, 2015 11:15
Синдикатите на машиновозачите го прекинаа штрајкот и од утрово патничкиот и товарниот железнички превоз во Македонија е нормализиран.
Според службата за информации од Железничката станица во Скопје, возовите сообраќаат според возниот ред.
Од Независниот синдикат на машиновозачите на Македонија и Министерството за транспорт и врски велат во понеделник ќе почнат преговори за исполнување на барањата на машиновозачите, поради кои од завчера беше прекинат товарниот, а од вчера напладне редуциран патничкиот сообраќај.
Според најавите, ќе се преговара и за барањето за промена на пресметката на бенифицираниот стаж.




