Хрватска имае и осум гола предност на 15 минути пред крајот на средбата со Словенија за третото место на ракометниот мундијал во Франција по што почна да тоне бродот на „коцкестите“. Нивниот селектор Жељко Бабиќ со својот коментар по шокантниот пораз (30:31), но не најави дали ќе остане на функцијата или ќе поднесе оставка по враќање во Загреб.
„Моите ракометари беа мртви, не можеа да одат. Како ја создадовме предноста, така ја прокоцкавме. Причина е заморот. Затоа имавме и црни дупки. Тоа е единственото нешто што влијаеше на исходот. Пред мечот знаевме кои се нашите недостатоци што се работи за подлабока анализа. Прашање на нашата младост. Настапот на овој турнир го оценувам како успешен“, стои во изјавата на Бабиќ што ја пренесува хрватскиот портал „Индекс“.
Запрашан дали размислува да се повлече од репрезентацијата, Бабиќ со интересен одговор.
„Мора да разговарам со сопругата“