Судија во Париз покрена обвинение против 29-годишна жена за обид за терористички напад. Надлежните ја сомничат Орнела.Г. дека учествувала во планирањето на бомбашки напади во Париз. Таа се поврзува со автомобилот бомба пронајден пред неколку дена во близина на Богодоричната црква. Истиот бил натоварен со плински боци и нафта, а во него се пронајдени отпечатоците на обвинетата. Според француската полиција, таа и претходно им била позната како некој кој сака да замине во Сирија и, според разузнавањето, да се бори за Исламска држава.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.