Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жената што се јави ми вели дека ќе умре. Па сите ќе умреме еден ден!

0
By Нова ТВ on May 9, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 9, 2018 17:41

Обвинителството на Стразбур отвори прелиминарна истрага за смртта на Наоми Мусенга. Дваесет и две годишната Французинка во декември 2017 година со тешки болки се јавила во Итната медицинската служба на градот и наместо да и биде испратена лекарска помош и да биде префрлена во болница, таа била предмет на подбив од страна на лицето од Итната помош кое одговорило на нејзиниот телефонски повик. Помошта стасала но предоцна.

-Отворив прелиминарна истрага против непостапување во случај на лице во животна опасност а истрагата ќе ја вршат службите на Генералната дирекција на правната полиција на Големиот Исток (регион на истокот на Франција), соопшти обвинителката Јоланда Ренци.

Обвинителството објави дека добиле писмо од сестрата на Наоми во кое таа бара да се отвори истрага и да се утврди од што точно починала нејзината сестра.

Случајот со Наоми ја потресе и скандализираше цела Франција

На 29 декември оваа млада самохрана мајка, која била сама дома, се јавила во бројот ургентниот број на градот Стразбур (служба која ги распределува повиците за помош до болниците, полицијата и пожаникарите во градот).

Работата на САМУ доведена во прашање во смртта на Наоми

Прво била трансферирана кон центарот на пожарникарите (пожарникарската служба има овластувања за превоз на итни случаи во болниците) а потоа нејзиниот повик бил префрлен во Итната медицинска помош (САМУ). На овој број одговорила една службеничка која и рекла Наоми да се јави во службата на СОС Лекари, служба која работи 24 часа, 7 дена во неделата и која праќа доктор на повиците за помош. Но СОС Лекари е служба која не може да помогне во итни случаи. За тоа постои Итната медицинска помош чија телефонска операторка, по повеќе часови, конечно ја активирала интервенцијата на САМУ. Наоми била пренесена во болница каде што починала во 17.30 часот.

Скандалот изби кога семејството на Наоми успеало да ја добие снимката од повикот на младата жена до САМУ. Снимката беше објавена во медиумите и на неа се слуша како еден слаб истоштен глас очајнички вели “ме боли стомак”, “ме боли сé” и “ќе умрам”. Од снимката е очигледно дека болките се толку големи што жената не успева да склопи цела реченица.

Сите ќе умреме еден ден

На ова операторката одговара:

– Ќе умрете сигурно еден ден, како и сите ние, вели таа и и советува да се јави со СОС Лекари.

Со оваа постапка операторката го одложила испраќањето помош.

Потоа, на снимката се слуша како службеничката зборува со колешка од пожарникарската служа и двете се подбиваат со итниот повик на Наоми:

– Жената што ми се јави ми вели дека ќе умре. Да, се разбира, ќе умре.

-Ајде де, дај ми го бројот…

– Сигурно дека ќе умре еден ден, како сите ние.

Покрај судската, се води и административна и социјална истрага

Според извештајот на аутопсијата Наоми Мусенга починала од “мултиорганска инсуфициенција на хеморагичен шок”.

Според изјавата на директорот Универзитетската болница во Стразбур, Кристоф Готие, дадена за агенцијата АФП “првата анализа наведува дека процедурата на третман на повиците не е соодветна со воспоставената пракса и сето тоа доведе во отворање на административна истрага”.

Универзитеската болница во Стразбур

Оваа административна истрага е отворена откако случајот беше објавен во медиумите. Директорот на болницата разговарал со членовите на семејството на Наоми за да го сподели со нив “сочувството на целата институција” и да им каже дека е отворена истрага. Готие вели е подготвен да сведочи пред судските власти.

Француската министерка за здравство Ањес Бузен на Твитер објави дека побарала да биде отворена истрага и на генералната инспекција за социјални работи за овој сериозен проблем и се обрвза дека семејството на Наоми ќе ги добие сите информации од оваа истрага.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.