Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жените од Шуто Оризари: До кога Ромките ќе плаќаат со живот немањето на матичен гинеколог

0
By Нова ТВ on September 21, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во изминативе шест години Иницијативата на жени од Шуто Оризари по којзнае кој пат реагира поради немањето на матичен гинеколог во Шуто Оризари и алармира за квалитетот на репродуктивното здравје на Ромките од Шуто Оризари, велат од Иницијативата на жени од Шуто Оризари.

Заминувањето на матичниот гинеколог од општина Шуто Оризари во јануари 2020 година е огромен проблем за жените од оваа општина каде што бројот на жени во репродуктивен период е помеѓу 8.000 и 13.000. Во општина со најбројно ромско население, а воедно и популација со значително повисока стапка на доенечката смртност во однос на другите националности, повеќе од 6 месеци жените немаат пристап до матичен гинеколог, што директно се одразува на нивното репродуктивно здравје.

Поради својот социо-економски статус и немањето пристап до матичен гинеколог, Ромките од Шуто Оризари не можат да планираат бременост, не можат редовно да ја следат бременоста и не можат да добијат навремена и соодветна здравствена заштита за себе и за новороденчињата.

Ова го потврдува и последниот случај со починатата родилка и нејзиното бебе, по кој белки ќе се освестат институциите дека е крајно време да изнајдат трајно решение и да обезбедат матичен гинеколог во општината. Засега случајот се сведува на контрадикторни изјави од страна на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (УГАК) во Скопје.

Нејасни се околностите во кои е отпуштена пациентката која веќе имала болки кога се јавила за преглед. Според изјавите на семејството, по прегледот им било кажано пациентката да се напие вода, да си одат дома и да се јават повторно на преглед по неколку часа. Непосредно по заминувањето од клиниката, бремената жена почнала да крвари, по што настануваат компликации со фатален исход.

Овој случај остава сомнителен впечаток дека одговорноста за смртта на родилката и на новороденчето треба да се бара во институциите, системот или во човечки фактор!

Оттука, сериозно сме загрижени за животот на сите жени од Шуто Оризари и токму затоа го осудуваме индиферентниот однос на институциите за решавање на проблемот со матичниот гинеколог!

Јавно прашуваме дали случајот со починатата родилка од Шуто Оризари е соодветно третиран од страна на УГАК.

Ги повикуваме Државниот здравствен и санитарен инспекторат и надлежните институции темелно да ги истражат причините за смрт кај родилката и нејзиното новороденче, а од Министерството за здравство бараме итно да изнајде решение за недостигот на матичен гинеколог и да обезбеди соодветна здравствена заштита за жените од Шуто Оризари, особено во услови на пандемија, кога здравствените работници на терциерно ниво се окупирани со ковид-19.

Во спротивно незаинтересираноста на институциите за овој долгогодишен проблем и немањето на слух за проблемот на Ромките ќе стане најдобар современ пример за системска дискриминација на ромската заедница.

Изразуваме сочувство до семејството на почината родилка и наша сограѓанка од Шуто Оризари и очекуваме јавноста целосно да биде запознаена со резултатите од истрагата за случајот.

Иницијативата на жени од Шуто Оризари е неформална група на активистки од ромската заедница, која во рамки на своите активности врши теренски посети на жени и семејства од Шуто Оризари и од други општини каде што живее ромско население, вршејќи едукации и информирање од областа на социјалната заштита како и антенаталната заштита и репродуктивното здравје и права. Нашата мисија се состои од унапредување на репродуктивното здравје на Ромките со оглед на нивните специфични потреби како маргинализирана група во општеството.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.