Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жените владеат со регионот во кој доминираат мажи

0
By Нова ТВ on March 8, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 8, 2013 12:45

Жените на Балканот започнаа да водат политичка револуција. Ситуацијата со жените во регионот е честопати сложена. Иако поранешните комунистички режими ја признаа нивната улога во работното место, политиката и самото општество, сепак традиционалните полови улоги се покажааа црвсти,и со голема потешкотија жената може да се пробие во политичкиот круг. Денешните жени се борат со можностите и предизвиците на брзоменувачкото општество.

Охрабрени од ЕУ и под влијание на блиските врски со западот, се повеќе жени предничат во промената на стариот начин на водење бизнис во мачо Балканот. Некои, жените ги гледаат како поусогласени со потребите на новата ера- дипломатија, консензус и компромис.

Во Македонија трите клучни функции во државата – претседател, спикер, премиер се уште се резервирани за машкиот свет. Поранешната вицепремиерка Радмила Шеќеринска во едно интервју веди дека местото во политиката не се ослободува, туку треба да се избори, а особено е важно да се знае да се преживее.

Македонската политика во првите десет години од плурализмот ја оценува како „исклучително машка, а учеството на жените е исклучок“. Според неа, сега состојбите се подобри, но се уште постојат ограничувања.

„Во ниту една македонска влада, од периодот на осамостојувањето на Македонија до денес, бројот на жени-министри никогаш не бил повеќе од три. Изразено во проценти тоа е повеќе од поразително. Поголемото присуство на жените во законодавната власт се должи, пред се’, на изборната регулатива, односно задолжителните 30 отсто жени на изборните листи“, Изјавува Шекеринска која додава дека вклученоста на жената во политичкиот живот не треба да биде сведена на задоволување на законските квоти.

Денеска може да се забележи дека Македонија прави голем чекор во рушењето на овие бариери, со тоа што за претстојните локални избори се кандидирани шеснаесет жени за градоначалник. Во моментов Република Македонија е земја со 33 проценти жени во Парламентот и со тоа е на 24 место во светот и меѓу најдобрите во Европа.

Душка Латиновиќ, медицинска сестра од делот на Босна што го контролираат Србите вели дека „Жените секогаш биле поуспешни од мажите. Жените се почувствителни, посилни, емотивни, а во овие тешки времиња на луѓето им е потребно повеќе срце“.

И покрај тоа што стандардите за еднаквост на половите се далеку од оние во западните демократии, патријахалното Косово и српската мини-држава во Босна ставија жени на врвни позиции.

Минатата недела во Република Српска, уште една малку позната политичарка Жељка Цвијановиќ е номинирана за премиер по оставката на владата.

“Како жена, се надевам дека ќе донесам нов здив и димензија на институциите во Република Српска “, изјави Цвијаковиќ во едно интервју.

Србија и Црна Гора каде доминираат мажите донесоа закони за зголемување на бројот на жените на лидерските позиции.

Така, на пример, во текот на 90 години жените сочинувале само 1,6 проценти од вкупниот број на пратеници во Собранието на Србија, која е најниска стапка во Европа.

„Моќта на жените во политката е мека моќ. Нашата и другите земји во регионот прават позитивна промена давајќи им шанса на жените“, изјави за Асошиејтед прес, Атифете Јахјага, жена претседател на Косово.

Амра Бабиќ, во ноември минатата година беше избрана за градоначалник на Високо, Босна и Херцеговина и со тоа стана единствениот градоначалник со хиџаб во Европа.
„Оваа победа покажува дека една жена, не дозволува и нема да си дозволи да биде дискриминирана поради нејзината облека или посветеноста на слободата на изразување, припадноста, верата и традицијата”, вели Бабиќ за SETimes.

Деновиве уште едно ново политичко лице на Балканот е 42 годишната Аленка Братушек, првата словенечка премиерка. Додека, традиционално Словенија е понапредна од останатите на Балканот, минатонеделниот избор на Братушек е значаен бидејќи се случува во момент на длабоки финансиски и политички превирања.

„Важно е што ова се случува во чувствителен момент, период на криза. Ова е силна порака до другите жени дека ние жените, го можеме тоа“, изјавува социологот Милица Габер Антиќ.

Сепак, старите навики тешко умираат. “Јас ни за момент не можам да заборавам дека Јас сум жена. На ова ме потсетуваат секој ден од кога влегов во владата” признава министерката на Косово за европски интеграции, Влора Читаку и додава дека во политиката каде доминираат мажи, за жените е многу тешко.

Во Словенија, по кратко време откако беше избрана Братушек, нејзините политички противници на Твитер напишаа: “нејзиниот мандат ќе биде долг како нејзиното здолниште.”
Таа едноставно одговори: “Сакам за нас жените повеќе да не суди само од должината на нашите здолништа.”

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.