Американката Софија Кенин и Шпанката Гарбиње Мугуруза ќе играат во женското финале на Австралија опен.
Кенин во полуфиналето приреди изненадување со елиминацијата на водечката на ВТА листата, Ешли Барти со 7:6, 7:5 додека Мугуруза со идентичен резултат беше подобра од Симона Халеп од Романија.
Денеска ќе биде познат првиот финалист и на машкиот дел од турнирот. Бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ ќе игра против Швајцарецот Роџер Федерер. Второто полуфинале меѓу Доминик Тим и Александар Зверев е утре.