Градоначалникот на општина Центар денеска до обвинителството го достави вториот извештај за фактичката состојба за реализацијата на проектот Скопје 2014 во општина Центар.
– Спинови се, вели Андреј Жерновски, некои обвинувања деновиве дека наводно не сакал да покрене кривична пријава. Ова, вели, е кривична пријава бидејќи се нотирани незаконитостите и се основа за постапување на обвинителството.
„Некои велат дека сум се криел позади соопштенија. Јас не се кријам, еве денеска сум тука. Некој друг се крие. Премиерот го нема три дена да даде одговор само на едно прашање – дали она што е наведено во ревизијата е точно или неточно. Во демантите на ВМРО – ДПМНЕ нема негирање, само кажуваат дека за нив незаконски потрошените 8 милиони евра за лиење на споменици биле малку пари“, изјави Жерновски.
Жерновски го покажа договорот за изградба на споменици и релјефи за воинот, и праша чиј е потписот на дговорите и чија е одговорноста.

„Ја прашувам дали овој потпис што стои во договорот е нејзин или не? Стевановска за воинот и воинот на коњ има добиено на име на авторски договор повеќе од 2.000.000 евра и за сето ова има потписи во општината. Еве и да се согласам со неа кога вели дека не ги зела парите, денеска нека каже кој во нејзино име ги земал 2.000.000 милиони евра“, рече Жерновски.
>> Стевановска: Почиста нема од мене
Градоначалникот на Центар посочи дека ревизијата покажала очигледен пример на местење на тендери и незаконски јавни набавки за проектот Скопје 2014 и затоа не гледа како може јавното обвинителство да избегне да постапи по овој предмет.




