Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, бара Владата да ја поништи лицитација на која се продаде градежно земјиште за 71 денар од квадрат во центарот на Скопје.
Од Општината најавуваат дека на првата наредна седница, на предлог на градоначалникот Жерновски, по трет пат ќе се стави точка на дневен ред за преземање на управувањето со неизграденото градежно земјиште во Центар.
„Во овие шест дена, премиерот имаше време да промовира поголеми плати за административците, да присуствува на Водици во Охрид и во Струга, да пушта канализациски мрежи, но не најде време и не собра храброст на граѓаните да им каже дали знаел и дали лично тој ја дал наредбата за „цели“ 71 денар да се продаде неизградено градежно земјиште во центарот на Скопје.
Премиерот никако да даде одговор по кои критериуми Владата го распродава државното земјиште во центарот на Скопје за само 1 евро по метар квадратен, додека граѓаните плаќаат во просек по 1.000 евра за квадрат“, пишува во соопштението на Општина Центар.




