Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жерновски ги алармира амбасадорите во земјава

0
By Нова ТВ on October 16, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 16, 2013 13:44

Писмо до претставниците на Дипломатско-конзуларните служби во Република Македонија, по повод аспењето на Претседателот на Советот на општина Центар Г.Шиповиќ од опозиционата СДСМ

– Почитувани екселенции на Дипломатско-конзуларните служби во Република Македонија,
Во време кога сите со нетрпение го исчекуваме Извештајот на ЕУ за напредокот на РМ во нејзините реформи во еден од најчуствителните домени како што е развојот на демократијата , простете ми што Вашето внимание ке го свртам на една тема која не и оди во полза на нашата демократија и приближувањето на РМ кон ЕУ и НАТО.

– Деновиве како и во изминатите неколку месеци откако опозицијата ја освои власта во општина Центар а јас бев избран за градоначалник, Владата на премиерот Никола Груевски и натаму продолжува со опструкции, со цел по секоја цена да направи пресврт во изразената волја на граѓаните на општина Центар. ВМРО-ДПМНЕ се служи со нелегални средства да го оневозможи функционирањето и реализацијата на изборната програма со која опозицијата доби мнозинство во Советот на општина Центар, а јас бев избран за градоначалник . Во оваа насока би сакал да истакнам неколку значајни настани:

-Уште за време на изборите, присуствуваме на изборни манипулации од најниско ниво. Се носеа граѓани од странство кои беа пријавени на адреси од станови во државна сосптвеност со по 70 лица на една адреса. Кога тоа не им помогна, почнаа да ги поништуваат изборните победи на сите места каде што победи опозицијата.Во тоа успешно асистираше Управниот суд на Република Македонија кој е под директна контрола на премиерот Никола Груевски. За време на повторените гласања власта се служеше со методи на заплашување и присила, поткуп и оневозможување на старите лица да излезат на гласање со исклучување на струјата, блокирање на лифтовите, повторното носење гласачи од село Пустец (Албанија) и тн.

-Кога конечно ја признаа победата по три изборни круга, Власта се досети на други методи. Најнапред во организираните протести пред општина Центар од страна на ВМРО-ДПМНЕ , беше демолирана зградата на општината заради наводниот план дека новата општинска власт ќе ја урнела црквата во центарот на градот иако јасно беше објаснето дека такво нешто не е предвидено во измените на Деталниот Урбанистички План.

-Напоредно власта ги саботираше вработувањата на експерти во општината и секојдневно испраќаше инспекции кои без основа ја казнуваа општината. На агенцијата за привремено вработување и’ беше одземена лиценцата од страна на Владата а од општина Центар не беше исфрлен од работа ниту еден привремено вработен пред завршетокот на договорт што не беше случај со општините во кои победија градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.
-Власта на ВМРО-ДПМНЕ и ги одзеде од ингеренција на општина Центар зоните за бесплатно паркирање префрлајки ги во надлежност на Град Скопје. При секоја градба на плоштад, парк, зеленило, власта изнаоѓаше и сеуште изнаоѓа бројни пречки, изговори, ограничувања само со цел да ја одолжи изградбата на објектите под ингеренција на градоначалникот на општината.

-Последниот настан со кој е издаден налог за апсење на Претседателот на Советот на општина Центар Шиповиќ, ги поминува сите граници. Акцијата на МВР се нарекува Председавач, од каде јасна се гледа намерата на власта – да ја блокира работата на Советот на општина Центар. Целокупната конструкција за кривичното гонење е отпочната по изборот на Шиповиќ за Председавач на Советот. Овој чин е премногу прозирен и антидемократски. Поаѓајки од фактот дека односот на силите меѓу советниците на власта и опозицијата е 12 : 11 во полза на опозицијата, со новата ситуација соодносот ќе биде 11:11.
Целта на овој процес е да се блокира работата на Советот на општината, да не се донесе буџетот и евентуално со нови уцени да се заплаши некој од советниците да биде замолчен, односно да се изнуди оставка на претседателот на Советот, Шиповиќ. На тој начин се блокира и реализацијата на нашата изборна програма за општината, а советниците на опозицијата како и вработените на чело со градоначалникот се во уценета позиција. Со блокирањето, општинската власт нема да е во состојба да ги изгласа и обврските за греејната сезона кон градинките и основните училишта, со единствена цел на ВМРО-ДПМНЕ за реваншизам кон граѓаните на општина Центар кои гласаа за опозицијата. Масовните апсења станаа навика на оваа власт.

– Сакам особено да укажам дека претседателот на Советот, Мирослав Шиповиќ е уапсен по меѓународна потерница во Виена, Австрија, кога сакал да ја чекира картата за враќање во Скопје. Ова покажува дека Шиповиќ немал никаква намера да бега. Напротив бил на пат за Скопје за да ја докаже вистината. Оттука, апсењето и определувањето мерка притвор за Шиповиќ е само политички реваншизам на власта.

– Затоа овој случај ќе го интернационализираме, а Вас како претставници на ЕУ и на НАТО, Ве молиме да го поттикнете и доставите ова прашање и до вашите министерства односно влади како и до сите релевентни меѓународни организации како ЕУ, Советот на Европа, стои во писмото на Градоначалник на Општона Центар, Андреј Жерновски до Дипломатско-конзуларните служби во Република Македонија

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.