Откако претседателот на ОО СДСМ Центар, Саша Богдановиќ ги презентираше разговорите кои СДСМ ги објавува под проектот насловен „Вистината за Македонија“, а во кои во еден од нив се слуша како премиерот Груевски заговара шамарање на градоначалникот на Центар Андреј Жерновски, тој му порача на премиерот: „Наскоро од граѓаните ќе се одвоиш преку решетки“.
– Никола Груевски, слушнавме дека сакаш да се одвоиш од граѓаните со ѕид висок шест метри, но ти наскоро од граѓаните ќе се одвоиш преку решетки, рече Жерновски на денешното обраќање пред жителите на Капиштец.
– Ти си обичен насилник, ти си човек кој што ја срами, ја брука, ја сквернави функцијата претседател на владата на Република Македонија.Т и не си оној политичар кој се претставува во јавноста, ти не си чесен, туку ти си политичар кој само размислува и работи за провизии, за пари, ти не работиш 24 часа, наместо во Владата ти си во комбе и бараш плацеви за тебе и за твојата фамилија. И она што ми е чудно што за сите овие 13 години во владите на Макеоднија не научи дека многу повеќе боли шамарот што ќе го добиеш од граѓаните на Центар и на Република Македонија. А тука каде што бараш плацеви видовме дека ги злоупотреби твоите членови, вистинските верници, за да ги браниш твоите плацеви на Водно и да врзуваш шамари преку други луѓе треба да знаеш дека ти доби пет шамари – рече Жерновски и ги наброја победите во Центар на последните локални избори.
Тој направи споредба со активностите на коалицијата на опозицијата и власта на Груевски. Истакна дека Груевски гради споменици и скулптури, а тие градат градинки и школи, Груевски сече дрва, а тие садат, Груевски зема од граѓаните, а тие им даваат.
– Ние не сме како тебе да не ги прашаме граѓаните на Центар, на Скопје и на Македонија како да се потрошат нивни милијарди евра. Знај Никола, најголемиот шамар допрва ти претстои. На 26 април ќе добиеш уште еден шамар, порача Жерновски, во однос на референдумот на кој жителите од Центар ќе гласаат за зачувување на автентичниот изглед на ГТЦ, односно еден од најстарите објекти во Скопје да не ја добие барокната фасадата како останатите од „Скопје 2014“.




