Published: Sunday, April 26, 2015 17:15
Поранешниот претседател на ВМРО ДПМНЕ и актуелен претседател на ВМРО Народна Љубчо Георгиевски го искористи своето право на глас за референдумот за ГТЦ во општина Центар. Од политичарите со адреси во општина Центар засега гласаа само Георгиевски и Жерновски. Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов чија адреса на живеење е во општина Центар се уште не е излезен да гласа на првиот локален референдум. Тој во моментов е во манастирот Св. Јован Бигорски на осветување на конаци. Во општина Центар живеат и поголем дел од министрите во владата и други државни функционери.




