Published: Saturday, December 7, 2013 16:09
Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски со писмено соопштение реагираше на одбивањето на власта да објави кој всушност го поставил споменикот на Цар Душан.
-Јасно е веќе кој го порача и постави споменикот на Цар Душан, иако ваков споменик не беше предвиден во одлуката која ја изгласа претходниот советнички состав на општина Центар. За да не ја замајуваат јавноста, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, само нека дозволи да се прегледаат камерите кои се поставени на плоштадот и околу Градскиот трговски центар.
Видео материјалот ќе покаже кој го поставуваше ноќе скришум споменикот на Цар Душан. Тогаш министерката за култура нема да може невешто да ја префрла вината на друго место, соопштува Жерновски.




