Published: Wednesday, December 11, 2013 12:08
Освен што платија граѓаните стотина милиони евра за бронзените статуи во Скопје сега ги загрозуваат и меѓунационалните односи, објавува денеска Ал Џезира.
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, формирал комисија со која би се решиле дилемите во јавноста за тоа дали се испочитувани процедурите во поставувањето на споменикот на цар Душан, па утврдено е дека на мостот се поставени 15 споменици кои не постојат во документацијата, а помеѓу нив и тој на цар Душан.
– Ќе мора да се отстрани се што е незаконски поставено во општината. Нема да го третирам споменикот како нешто посебно. Само ако работиме принципиелно ќе можеме да ја избегнеме замката и кукавичкото јајце кое власта сака да го снесе во општината – вели Жерновски.




