Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жерновски: Ќе направиме се да стопираме градба врз спорното земјиште

0
By Нова ТВ on January 17, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 17, 2014 14:15


Сите опции кои ни се на располагање како општина Центар ќе ги искористиме, се што може да стопираме – ќе стопираме држејќи се до законите, вели градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски на прашањето дали ќе им се даде градежна дозвола на инвеститорите на кои за само 3.296 евра на јавна лицитација по електронски пат, Министерството за транспорт и врски им продаде 2.855 метри квадратни атрактивно земјише во близина на Веро-центар.

„Стартната цена на лицитацијата била само едно евро и траела 15 минути, а фирмата која победила на лицитацијата ја зголемила цената за само десет денари“ образложи Жерновски.

Според него, 2014 ќе биде година на владините афери, а споредувајќи ја продажбата на земјиштата, Жерновски рече дека во Карпош земјиштето се продава за 100 евра а додека во Центар за симболично едно евро.

Тој надополни дека продажба на земјиште за толку ниска цена е нелогично – споредувајќи го со Веро центар, чија стартна цена на лицитацијата била 200 евра, а подоцна се искачила на 500 евра.

„Сега станува јасно зошто е во притвор претседавачот на општината. Не станува збор за некаков криминал во „Машинопромет“ туку се работи за тоа да немаме мнозинство и бидејќи не можеме да го преземеме уредувањето со градежното земјиште, да може Владата по богателни цени да продава земјишта со апашлук“, рече пред новинарите градоначалникот на Центар.

Тој побара Владата да го поништи процесот и рече, да им нареди на советниците од нивните редови, бидејќи според него така функционираат, да го изгласаат проектот на Жерновки и советниците – тие да го преземат уредувањето со земјиштето, бидејќи тие нема да продаваат по вакви „багателни“ цени.

Советникот Јован Тагасовски пак, потенцираше дека на два пати советниците на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ не гласале општина Центар да го преземе градежното земјиште од државата, како што е сторено во сите општини.

„Срамно е, во еден изминат мандат имавме исти ситуации кога за едно евро се продаваше метар квадратен. Граѓаните ако сакаат да дооформат градежно земјиште треба да платат по 700 евра за метар квадратен, а земјиштето се продава за само едно евро. Каде е логиката? Урбаната мафија тоа што го зацртала мора да го оствари. И овој хотел кој треба да се гради треба да е со кич фасади“, рече Тагасовски.

>> Министерство за транспорт: За каква афера зборува Жерновски

Изградбата на хотелот, кој е планиран да биде со седум ката, е предвидена со деталниот урбанистички план „Маџир маало“.

Површината за градење е 1.775 квадратни метри, а инвеститорот треба фасадното обликување на хотелот да го изведе во еден од стиловите – барок, класицизам, неокласицизам, романтизам и неоромантизам.

Купувачот е должен во рок од 15 дена од денот на завршување на постапката за јавно наддавање да ги уплати средствата, а доколку не го направи тоа ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
ФОКУС
April 12, 2026

Орбан му честиташе на Петер Маѓар: Тиса со двотретинско мнозинство победи на изборите во Унгарија

ВЕСТИ April 12, 2026

Унгарскиот премиер Виктор Орбан телефонски му ја честиташе изборната победа на лидерот на Тиса, Петер…

Унгарија: Орбан во политичка историја

April 12, 2026

Будумпешта: Опозицијата во надежна попбеда на потсизборен митинг

April 12, 2026

Американските и иранските претставници го напуштија Исламабад

April 12, 2026
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.