Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жерновски: Најбогатата општина има празен буџет

0
By Нова ТВ on April 30, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска на прес конференција, одговори на нападите од власта и одредени медиуми. Како што изјави, општина Центар продолжува и ги интензивира активностите.

Во тек е комплетна реконструкција на три улици: 8-ми март, Пајак и Роса Плавева.

Претходниот градоначалник, Владимир Тодоровиќ, по подолго време се појави во јавноста, со интервју на еден портал, во кое изјавува дека остава буџет во солидна кондиција.

„Буџетот за 2013 е однапред потрошен. Очекуваниот прилив за до крајот на годината е 350 милиони денари, а 340 милиони денари се преземени обврски. Со земените кредити за двете катни гаражи во висина од 5 и пол милиони евра, потрошен е уште еден буџет“.

Најбогата општина има празен буџет,“ – изјави на прес конференција градоначалникот Андреј Жерновски.

Но, рече дека нема да се жали, иако под знак прашање, поради начинот на работа на ВМРО-ДПМНЕ и на претходниот градоначалник, било доведено и исплаќањето плати во општината.

„Одиме натаму и ќе се снаоѓаме. Нема да се жалам, туку ќе работам. И Аларова и Тодоровиќ наследија полна каса, а сега касата е празна“, рече Жерновски.

Што се однесува до интервјуто на Тодоровиќ и неговото јавно дистанцирање од црната и валкана кампања која се водеше против него, Жерновски, бара Тодоровиќ, јавно да каже во каква состојба ја остава општината. Тодоровиќ  го признава и проектот „Пустец“. За ова, вели Жерновски,  треба да се позанимаваат надлежните во државата.

„Ако има Јавен обвинител, мора да се расчисти исплатата на хонорарите за „Скопје 2014“. Самите автори признаа дека не виделе такви пари, какви што се наведени во отчетот на Министерството за култура и на Владимир Тодоровиќ“, рече градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

ВЕСТИ October 23, 2025

Градоначалничката Данела Арсовска во објава на социјалните мрежи утрово пишува дека одговорноста за состојбата во…

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

October 22, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.