Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жерновски: Нека тужат, ВМРО ДПМНЕ е организатор на протестите во Центар

0
By Нова ТВ on February 19, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 19, 2014 14:18

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, вчера на советничките прашања на Советот на општина Центар покажа записник од седница на ОК Центар на ВМРО – ДПМНЕ на која се договараат детали и се повикува на масовно присуство на протестот пред општина Центар во јуни, минатата година.

Ова, посочи Жерновски, јасно покажува дека ВМРО – ДПМНЕ е организатор на протестите. ВМРО – ДПМНЕ најавија тужба за клевета.

Советниците од ВМРО – ДПМНЕ можат да поднесат тужба каде што сакаат, ги упати Жерновски, бидејќи, како што рече тој, тие не само што се владеачка партија во оваа држава, туку таа партија е во судството, обвинителството и во секоја друга институција.

„За мене, најголем доказ беше изразот на ликовите на советниците кога го прочитав и им го покажав записникот. Сосема е јасно, преку паниката што настана е што се случува во редовите на ВМРО – ДПМНЕ. Денеска тие не се занимаваат со тоа дали ова е фалсификат и како ќе се прикаже како фалсификат, туку се занимаваат со тоа кој е кртот кој што ги дава овие информации. Не треба да се бара крт, затоа што јас вчера покажав десетици записници добиени од лица кои и покрај партиската задача, не се согласуваат во општина Центар да се прави вандализам. За тој вандализам треба да се одговара, ако оние што тврдат дека работат во согласност со Уставот и Законите навистина го прават тоа“, рече Жерновски.

Одговарајќи на новинарско прашање дали Жерновски ќе поднесе претставка до јавното обвинителство, Жерновски одговори дека него повеќе го интересира реакцијата на партискиот лидер, на МВР од каде што досега тврделе дека не знаат кој е организатор.

„Од овој документ јасно се гледа дека “Веритас“ не учествува како организатор. Да потсетам дека “Веритас“ не е регистрирана во Централниот регистар на РМ и не постои, а вчера видовме дека се работи за една организација која заедничко со “Веритас“ ја има само првата буква. Значи, не е “Веритас“ организатор на протестите, туку ВМРО – ДПМНЕ“, рече Жерновски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.