Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жерновски: Очекуваме оставка од министерот Јанакиевски

0
By Нова ТВ on January 24, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 24, 2014 13:51


Некој треба да одговара за поништувањето на тендерот на кој за 71 денар за метар квадратен беше продадено земјиште до НБМ, и најмалку што очекуваме е оставка од министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, потенцираше денеска пред новинарите, градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

Жерновски објасни дека министерот Јанакиевски од него побарал да каже врз основа на кој член од законот треба да се поништи процедурата, а сега кога е поништена, тој упати барање до Јанакиевски да одговори врз основа на кој член тој го направил истото.

„На еден циничен начин ми беше поставено прашањето дали сум свесен дека државата ќе треба да плати казна доколку се поништи распродажбата, сега следува логично прашање, кој ќе ја плати казната откако Министерот одлучи да ја поништи оваа распродажба“, изјави градоначалникот на Центар, надополнувајќи дека за вакви криминали паѓаат цели влади, и рече дека најмалку што очекува е оставка од министерот Јанакиевски.

Жерновски вели и првиот човек на Владата го нема никаде да даде одговор на едно едноставно прашање, односно дали смета дека е во ред градежното земјиште во центарот на главниот град да се продава по 71 денар, и да даде одговор како може на лицитацијата да учествувала само една фирма.

Тој вели причините кои се наведени за поништувањето на како што ја нарече, крајно скандалозната и криминала распродажба, се само алиби, а советниците на општина Центар предводени од опозицијата уште на првата седница на дневен ред ќе го стават предметот за преземање на уредувањето со земјиштето, а советникот Јован Тагасовски ги повика советниците од ВМРО ДПМНЕ за прифаќање на истото.

Вчера, планот за изградба на хотелот, кој беше предвиден со седум ката на површина од 1.775 квадратни метри кај НБМ, е поништен откако Министерството за транспорт и врски соопшти дека три лица се пријавиле дека поседуваат дел од земјиштето.

Инаку во една симултана прес-конференција, како што градоначалникот на Центар одржуваше прес-конференција пред Министерството за транспорт и врски, пред седиштето на општина Центар и Министерството даде свое објаснување, според кое општината „морала да знае за колку ќе се продава и кои се проценките од финансиските приходи за општината од евентуалната продажба“.

На прашањето на НОВА дека граѓаните ги интересира зошто земјиштето е продадено за цена од 71 денар за квадратен метар, а не за препирките меѓу министерството и општината, Драган Симоновски од Минстерството за транспорт и врски одговори: „Како што досега е повеќепати кажано тоа го направивме за стимулирање на хотелиерството“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.