Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жерновски: Секоја интервенција на ГТЦ ќе се третира како дивоградба

0
By Нова ТВ on November 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 21, 2013 12:04

Денеска во општина Центар по втор пат за работата на јавните претпријатија, за барањата на граѓаните, за соработката на Центар со администрацијата на град Скопје, за други отворени проблеми разговараа градоначалниците на град Скопје и општина Центар, Коце Трајановски и Андреј Жерновски и администрацијата, јавните претпријатија и месните заедници на градот и на општината.

Град Скопје работи многу во општина Центар, изјави Трајановски. Главен проблем, посочи, е сообраќајот и паркирањето и наброја неколку проекти кои се во тек на реализација или ќе се реализираат.

Овој проект на заеднички средби е добар и е во интерес на граѓаните, изјави градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

„Ова е одлична можност да продискутираме за проблемите и да најдеме решение. Соработката ќе биде во интерес на граѓаните, за што и впрочем сме избрани“, изјави Жерновски.

Во врска со проблемот со паркинзите во Центар, според Трајановски, град Скопје ниту дава дозволи ниту ги создава проблемите на ЈП “Паркинзи – Општина Центар“.

„Одобренијата на проектите ги дава секторот за сообраќај на МВР, а и ние како град често имаме проблеми, нашите размислувања се едни, а на МВР други“, рече Трајановски.

Откако дозволивме бесплатно паркирање во Центар нема хаос, посочи Жерновски.

„Имаме сериозни несогласувања и затоа отворено ќе дискутираме за ова. Не може различно да се третира ЈП “ПОЦ“, а поинаков третман да имаат ЈП “Градски Паркинзи“. Јас ќе направам се’ за да го реализирам она што го ветив“, изјави градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Во врска со дивиот пазар под Кале, Трајановски се огради од тоа дека проблемот е во нивна ингеренција и рече дека пазарите на мало се во надлежност на општините, но може да дадат логистичка поддршка.

„Ако не е во надлежност на градот, не е ни во надлежност на општина Центар, рече Жерновски. Див пазар, рече, е див пазар, но бидејќи тоа е проблем – треба да се разговара“.

„Нема да дозволам диви пазари на територијата на општина Центар. Во преговори сме за изнаоѓање на една површина за да се реши овој проблем“, изјави Жерновски.

Во ДУП-от “Мал Ринг“ градежната парцела на ГТЦ не е третирана со параметри, има црна точка што значи дека има дивоградба. Ова значи дека не може да се даде одобрение за градба или реконструкција.

„Секоја интервенција на ГТЦ или кулите ќе се третира како дивоградба“, рече Жерновски.

За плоштадот “ВМРО“ Жерновски посочи дека има идејно решение и може да се види во кој правец одело размислувањето на претходното општинско раководство.

Жерновски беше дециден дека ако плоштадот “ВМРО“ е во надлежност на општината, нема да дозволи друг да го третира.

„Има работи со кои апсолутно не се согласувам со претходното општинско раководство и ќе направам се’ во рамките на законските можности истите да ги исправам“, изјави Жерновски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.