Власта не се откажува од барокот, но како што изјави градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, општината и тој како градоначалник со сите расположливи сили ќе се борат против барокните фасади преку кои власта сака да го продолжи проектот Скопје 2014.
Градот Скопје веќе одвои 6.500.000 евра за реконструкција на фасадите во Скопје во барок стил.
Жерновски очекува разум кај советниците на Град Скопје, но и дека Уставните судии ќе го оспорат Законот за градење и ќе ги вратат ингеренциите на општините.
„Скопје 2014 не може да продолжи. Моќта е кај нив, но објекти од Скопје 2014 нема да се градат. Ние нема да дозволиме промена на ДУП-овите“, изјави Жерновски.
До општината веќе се пристигнати барања од жители на зградите на улица Македонија кои бараат општина Центар да ги реконструира фасадите за да не влезе, како што рече Жерновски – барокното лудило.




