Published: Wednesday, November 13, 2013 15:13
Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, денеска најави дека ќе поднесе кривична пријава против непознат сторител кој го урна споменикот на стреланите скопјани од 13ти ноември 1944та година од страна на фашистичкиот окупатор.
Андреј Жерновски најави дека бара од изведувачот на градежните работи и од нарачателот на услугата, заедничките служби на Владата на РМ да го вратат споменикот во првобитна состојба за да може општина Центар, да го постави релјефот кој што го чува во склад на општината.
Жерновски потенцира дека тој што го сторил овој вандалски чин, уништувајќи споменик посветен на оние кои се вградија во слободата на главниот град мора да одговара.
>> Прослава без споменикот на стреланите скопјани, кој го тргнал никој не знае




