Советниците од општина Центар не ја изгласаа одлуката за располагање со градежното земјиште кое е во сопственост на Р. Македонија, се вели во соопштението на О.Центар.
„Предлог програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Центар за 2013-та година“ не помина на седница на советот. Советниците на „Сојузот за иднината“ со 11 гласа за го поддржаа предлогот, додека 11-те советници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано.
Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски, потегот на советниците на ВМРО-ДПМНЕ го оквалификува како гест преку кој ги застапуваат интересите на Владата а не на граѓаните на општината. Како што и самиот рече, иако јавно соопштиле дека работат само во интерес на граѓаните, денеска го докажале спротивното.
На Жерновски му е нејасно како може советниците да гласаат воздржано и со тоа да ја блокираат работата на општината или според него само да ги исполнуваат наредбите од Илинденска. Според Жерновски со оваа одлука советниците на ВМРО-ДПМНЕ покажале дека партискиот е над интересот на граѓаните.
Со одлуката да се гласа воздржано Жерновски ја препознал идејата на централната власт да протурка решенија на штета на граѓаните, а доколку Центар би владел со како што вели сопственото земјиште просторот за маневар на власта значително ќе се намалел, а тоа никако не му одговарало на ВМРО-ДПМНЕ.
„Толку од конструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ, и дека работат во интерес на граѓаните, и веќе на следната наредна точка од како ја дадоа таа изјава, одбија да работат во интерес на гарѓаните.Се случи нешто што нема таков пример не во Македонија не во Европа не во светот, советници кои преставуваат општина да гласаат против тоа да општината да стане сопственик на сопственото земјиште.Толку од конструктивноста“, изјави Жерновски.




