Published: Wednesday, September 25, 2013 14:36
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски предупреди дека власта можеби ќе му ги одземе ингеренциите, за да може да ги спроведат урбанистичките планови во центарот на Скопје.
Предупредувањето доаѓа поради црвеното светло од Центар да помине планот за Мал ринг, каде што спаѓа и изградбата на Шпанските скали на скопскиот плоштад.
Жерновски истакна дека на претпоследната седница не беа усвоени три детално урбанистички планови, кои претходното раководство сакаше да ги донесе.




