Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жерновски: Направивме многу за Центар без никаква помош

0
By Нова ТВ on June 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 7, 2017 15:56

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски денеска пред новинарите го образложи она што тој и неговата администрација го сработила изминатите четири години.

Жерновски оистакна дека изминатите неколку години работеле под притисоци и под опструкции од институциите на власта и дека општината Центар им била прво свратувалиште на финансиските инспектори. Тој истакна дека планира да се кандидира за втор мандат како градоначалник во Општина Центар, или со поддршка од СДСМ или пак како независен кандидат.

„Особено сум горд на новата градинка по цели 42 години и новото основно училиште по 47 години на територијата на нашата општина.Правевме реконструкции на градинки и училишта. Воведовме награди за најдобрите ученици, а родителите ги ослободивме од давачките за обезбедување, еднодневни ексурзии, часови по физичко и англиски јазик. Обновивме и посадивме зеленило на површина од 78.000 метри квадратни. Направивме нови паркови, засадивме 283 дрвја и многу други садници.Изградивме и 10 нови детски игралишта“, рече Жерновски.

Тој додаде дека реконструирале улици со површина од 52.000 метри квадратни, како и нова атмосферска, водоводна и канализациона мрежа.

„Посветивме две улици на боемите, изградивме четири нови сквера и обновивме фасади на 13 згради со енергетска ефикасност и четири пензионерски клубови. Преку референдум се изборивме за зачувување на автентичноста на ГТЦ, ја спречивме изградбата на Шпанските скали и направивме ревизија на контроверзниот проект Скопје 2014“, истакна градоначалникот на единствената скопска општина која беше водена од опозиционер.

Жерновски рече дека сето ова го направиле без никаква подршка и помош од владата, како и дека само во првите неколку месеци во Општината влегле три пати повеќе инспектори, отколку што влегле за целиот мандат на Тодоровиќ. Тој додаде дека наследиле празна буџетска каса поради што во прашање биле доведени и платите на вработените.Жерновски им заблгодари на неговите вработени кои како што рече вложиле огромен труд за успешно да се реализираат сите зацртани проекти.

Андреј Жерновски отчет проекти реализација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.