Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жешка трка за министер за здравство: Сите партии го сакаат ова место

0
By Менче Атанасова Точи on November 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 6, 2017 14:24

И од Алијансата за Албанците и од ДУИ сакаат да го добијат испразнетото министерското место за здравството. Преговорите меѓу коалиционите партнери кои најверојатно ќе се случат кон крајот на недела ќе покажат кој ќе го добие жешкиот костен 

До крајот на неделата најверојатно ќе се знае кој ќе седне на испразнетата министерска фотелја во Министерството за здравство. Ова за НОВА го потврди премиерот Зоран Заев кој нагласи дека преговорите се одолжиле заради неговите службени патувања.

„Се уште немаме разговарано заради моите патувања. Но, верувам дека до крајот на оваа седмица ќе разговараме со коалиционите партнери“, изјави премиерот Заев за НОВА.

Претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села вели дека чекаат повик од премерот за да седнат и да преговараат. Тој е дециден дека ќе го бараат министерското место и нема да прифатат промена во однос на првичниот договор.

„Јас не сум премиер за да можам да свикам на заедничка средба, таму кај него обратете се за одговор кога ќе се случи тоа. Ние нема да прифатиме никаква промена од она што е веќе договорено претходно’, изјави за НОВА, Зијадим Села, лидер на Алијансата за Албанците.

Во политичките, но и во здравствените кругови веќе се калкулира со неколку имиња, но нема потврда кој од нив е можниот наследник на Таравари. Очигледни се сериозните претензии од коалиционите партнери за оваа висока, но и исклучително тешка и одговорна функција. Од ДУИ не кријат дека имаат желба да го добијат ова атрактивно место.

 

„Ова е добро министерско место и ДУИ посакува да го добие.  Но желбите се едно, а преговорите се друго, така што од исходот на преговорите ќе зависи кој ќе го добие. Во секој случај на ова место е потребен сериозен човек кој ги знае проблемите од внатре“, изјави за НОВА Илир Хасани, претседател на здравствениот совет на ДУИ.

Македонија се уште нема министер за здравство иако локалните избори се завршени пред една недела. Арбен Таравари минатата недела ја презеде градоначалничката функција, а во време на кампањата не можеше да ги извршува работните обврски иако доаѓаше во утринските часови на кратко во Министерството за здравство.

Извори од СДСМ пак, за НОВА велат дека албанските партии имаат предност за ова министерско место, но дека во игра е и СДСМ. Од таму посочуваат дека пресудно ќе биде парламентарното мнозинство, но и дека при одлучувањето Заев ќе знае каде и како да пресече.

Во ситуација кога ова важно место е празно,  работите ги презема заменикот министер Гоце Чакаларовски. Сепак, тој не може да носи клучни одлуки, ниту да спроведува реформи. Поради тоа многу работи во ова министерство се закочени и не може да функционираат.

Во здравствените кругови веќе се коментира дека е изгубено драгоцено време во делот на реформите во здравството и тоа од доаѓањето на Таравари за министер до сега бидејќи, како што велат,  никакви системски поместувања немаше. Многу време се изгуби и на кадровските смени од вториот и третиот ешалон, кои најверојатно ќе претрпат измени и со доаѓањето на новиот министер за здравство, велат познавачите на проблематиката.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.