Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жешко лето – тешки реформи, што ќе биде приоритет

0
By Нова ТВ on July 20, 2017 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со вистинска политичка волја, одлучност но и обврска да се истрае, Владата ќе може да ги спроведе реформите, спакувани во Акцискиот план 3.6.9 – коментираат експерите за Portalb.mk.

Странските дипломатии порачуваат дека од зборови, треба да се премине на дела. На листата проритети  се медиумите, судството,независноста на институциите, администрацијата. Дали е можно она што не можеше да се сработи со години, да се заврши во периодот што доаѓа?

Одбројувањето почна – што ќе се сработи…

Амбициозен план, тешка домашна задача. Вака дел од експертите го оценуваат Акциоскиот план за реформи што го усвои Владата, поставуваќи тајминзи за остварување на преземените обврски. Високо на листата котира судството  кое се смета и за најзначаен и најчуствителен сегмент во кој треба да се спроведат реформи.

“Во лавиринтите на правилата, законите, уредбите итн. заштитниците на криминалот си направиле своја тврдина во судството. Не е лесно да се менува се одеднаш и тоа за кратко време. Треба да се почне од тоа што се има и што се може, а тоа е освестувањето на судиите и на обвинителството дека нивните канџи  ја држат во заложништво иднината на нивните деца и на идните поколенија“ – вели за Portalb.mk аналитичарот Албер Хани.

Идејата за генерален реизбор на судите беше отфрлена од страна на експертската јавност. Оценките се дека овој сегмент, судството, е тежок за реформирање и затоа најпрво мора да се направи длабинска анализа.

“Мислам дека е препорачливо во оваа област да се направи темелна проценка на тоа каде сме, а каде имавме намера да бидеме со реформите и да се утврдат предлози, заедно со судската заедница со највисок (возможен) консензус за понатамошниот тек. Владата во планот најави укинување на Советот за утврдување факти и мислам дека преку овој чекор се обидува да ја поттикне судската заедница да дејствува проактивно како чинител во реформите“ – оценува за Portalb.mk Симонида Кацарски од Институтот за европски политики.

Во владиниот план, во делот на спроведувањето на Охридскиот договор, меѓудругото е посочено и усвојување на Предлог-закон за употреба на јазиците од страна на Владата, кој потоа ќе биде доставен на консултации во Венецијанската комисија.

 “Владата ќе го изготви Законот за употреба на јазиците кој потоа ќе биде поднесен во Парламентот, но и во Венецијанската комисија за консултации. Дел од активностите предвидува, одлука за забранување на владини реклами до комерцијалните радиодифузни пренесувачи, објавување на сите трошоци за рекламирање на владата и објаснување на критериумите за избор на медиумите во поднесениот формат од Европската комисија“, вели Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања

Дел од реформските приоритети се и медиумите

“Бизнис секторот треба да превземе поголем одговорност дури и од онаа што ја има  Власта. Во оваа смисла ценам дека треба исто така да се осмисли систем за казнување на политичките партии кои директно или индиректно ги поткупуваат или вршат притисок на медиумите. Од друга страна не треба и не смее  да се престане со доедукација и професионализација на новинари“ – вели аналитичарот Хани.

Владата во ек на жешко лето постави бројни и тешки реформски приоритети.  Она што го стави на хартија сега се очекува да го оставри – порача евроамбасадорот Самуел Жбогар.

“Она што е добро е што Владата излезе до план. Се премина од зборување за реформи на реформи кои се ставени конкретно на хартија. Мислам дека тоа што е потребно е во следните три месеци да се направат чекори во тој контекст. Се разбира дека ние, како Европска Унија, ќе ги поддржиме, меѓутоа да почекаме чекор по чекор да се реализираат овие работи“ – оценува европскиот преставник во Македонија Жбогар.

Во обврските преземени со Акциоскиот план 3.6.9, опозициската Вмро-Дпмне не препозна ништо ново.

“Таканаречениот план во најголем дел е препис на акциските планови усвоени на седници на Влада пред повеќе од една година. Голем дел од таканаречениот план е веќе реализиран” – соопштија  од ВМРО-ДПМНЕ. Како реализирана ја споменуваат специјална единица за борба против трговија со луѓе и криумчарење на мигранти

Во првите три месеци од зацртаниот план, се очекуваат  околу 70 промени  од различни сектори – преку законски интревнеции, декларации, усогласувања во судството, медиумите, отворање на дебата за системот на следење.

Реформскиот планот  беше презентиран од премиерот Зоран Заев, кој најави дека со спроведување на преземените реформски обврски ќе се обезбеди декократизација и департизација на институциите – како внатрешен услов наесен Европската унија да ја отстрани условеноста на препораката за почеток на преговори на Македонија за членство во ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.