Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жими крст и кандило, пресвета МВР

0
By Zoran Ivanov on January 10, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 10, 2026 11:53

Прошка бараат со едно око шашардисано нагоре во господ, со другото фиксирани во банкарските сметки и имотите кои традиционално ги купуваат на туѓо име, задоволни што создале таков систем, со кој никогаш нема да бидат казнети.

Биљана Секуловска

Како дојдовме до тоа да се осветуваат нови полициски коли во сред МВР? Како стигнавме до таму за илјадници деца со божиќни звезди да маршираат во бадникови поворки низ целата земја? Како се запустивме до толку па избрани функционери да бацуваат раце на свештени лица на религиозни празници?

Во што се претвори оваа земја кога медиумите објавуваат икони кои плачат и аутистични деца кои оздравуваат, прозборуваат по чудесната моќ на манастирот Василиј Острошки? А во исто време, во меѓувреме на Фејсбук цела армија хипнотизирани луѓе во транс пишуваат амин, амин, амин.

Ваква анестезирина, оглупавена и запустена нација не треба да се грижи за својата иднина. Отровите кои ги дишеме помирени со судбината се дело на милостивиот господ, кој ги благословува фабриките без филтри, автомобилските гуми и пластичните искорнати паркети за да се загреат сиромашните, гладните, утепаните од бога.

Ги благословува тој бог и највисоките носители на политички функции кои живеат за денот кога ќе шлапнат еден бакнеж на највисокиот пресветол архиепископ во земјава, доволно ментално заостанати во развој за да не сфатат дека и тие го дишат отровот, ако веќе не се загрижени за здравјето на сопствените деца или за оние кои ги нарекуваат најмили и најсакани. Прошка бараат со едно око шашардисано нагоре во господ, со другото фиксирани во банкарските сметки и имотите кои традиционално ги купуваат на туѓо име, задоволни што создале таков систем, со кој никогаш нема да бидат казнети.

Притоа, се надеваат дека господ каков што го дал, нема некоја сериозна амбиција да ги сосече во корен алчните, поткупливите, сите оние кои ја злоупотребуваат моќта, ги проневеруваат јавните пари, ја потпишуваат пропаста со две раце. За тоа време, црковни хорови од политичките одаи го повикуваат народот да се помири со судбината, таа е вековна казна за оваа нација, која ја мразат и посакуваат сите соседи, која ја сонуваат дури и денес анексијата, која ги потврдува старите мапи и територии.

Бог така сакал, им објаснуваат, но вие продолжете да ги пеете нашите химни “ жими крст и кандило” и “целадаје”. Додека вие така пеете, достоинствено продолжувате да пропаѓате, но најважно е дека сѐ е осветено со божји и политички благослов.

Текстот е сопственост на 25 минути.мк

 

ивана секуловска колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.