Жителите на селото Нова Брезница три часа протестираа на патот кон браната Козјак. Тие бараат да се тргне пунктот кој ги прави заложници на Националниот парк Јасен.
Meштаните го искажаа незадоволството од односот на Управата на паркот бидејќи на влезот во селото поставиле пункт, каде риболовците ваделе дневни карти.
Вработенените почнале да се однесуваат како полицајци-запирале возила со викендаши, а имало и неколку вербални расправии со жителите на ова село. Бараат пунктот да се тргне и да се постави на старото место во близина на акумулацијата.
Жителите на Нова Брезница воделе повеќе деценски спор, оти според нивните кажувања местото кое сега е под вода им припаѓа нив и требало да им се врати со денационализација.
Најавија дека блокадите ќе продолжат доколку институциите не го решат овој проблем.