Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жителите на Центар се против катна гаража кај Авто-Македонија

0
By Нова ТВ on February 18, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 18, 2014 11:30

Жителите на Центар, синоќа на отворено имаа средба со градоначалникот на општината Андреј Жерновски и со неговите соработници.

На средбата, организирана од градоначалникот, јасно и единствено го искажаа својот став дека не сакаат и нема да дозволат на просторот кај Авто-Македонија да се изгради катна гаража.

Се сомневаат дека 29-метарското здание со 8 спрата и приземје ќе биде пренаменето во хотел.

Како што рекоа сите, во ова нема политика или партиски делби, центарци само сакаат да не им се узурпира просторот за живеење.

Бараат заедно со општината и градоначалникот да го истераат случајот до крај низ правните лавиринти, но бараат и одговорност за тој што на ваков начин одобрил да им се уништи просторот во кој живеат.

„Тодоровиќ во затвор, катна гаража не сакаме“, револтирано извикуваа насобраните граѓани.

Претходниот состав на Советот на Центар, предводени од екс градоначалникот Владимир Тодоровиќ, без советниците на СДСМ, по многу расправии и кавги, околу 4 часот наутро го донесоа ДУПОТ со кој парцелата на која беше предвидено паркирање на едно ниво, се измени и беше дозволено изградба на катна гаража која „порасна“од 3 на 30 метри.
Земјиштето е продадено на Никофон за изградба на гаража.

Градоначалникот Андреј Жерновски им објасни дека околу Нова година добил опомена дека треба да издаде решение за тој предмет за 15 дена, за веднаш потоа да добие последна опомена дека мора да одговори на инспекцијата во рок од два дена.

„Незапаметено е во една општина за еден предмет да дојдат 5 инспекции. Казната за непостапување е од 7.500-15.000 евра, и тоа лично за градоначалникот. Бев подготвен да ги соберам парите, но и тоа не го решава случајот, тогаш ќе ми се одземат ингеренциите во урбанизмот, предметот оди во Министерството за транспорт и врски и јас ќе добијам кривична пријава“, рече Жерновски.

Во текот на постапката, Дирекцијата за заштита и спасување, во два наврати има издадено негативни мислења по однос на проектот, бидејќи не се исполнуваат стандардите за заштита при пожари и евакуација на населението.

Од купопродажбата, Никофон има девет месеци за да прибави одобрение за градење, ако не го стори тоа, договорот е ништовен. Во овие девет месеци, Никофон не го прави ова, затоа што парцелата која е продадена не ги исполнува условите . По правилникот на Дирекција за заштита и спасување, кој предвидува сите катни гаражи со над 100 паркинг-места задолжително да имаат влез и излез од гаражата (тука се работи за 260 патни места) и согласно тоа Никофон законски не можел да добие градежна дозвола. Но, директор на Дирекцијата во октомври , по истекот на договорот од неколку месеци, го менува Правилникот со кој се укинуваат одредбите кои Никофон не ги исполнува и се дава трето позитивно мислење по основ на проектот.


По добиена претставка од 90 станари на кулите, упатена до сектор за инспекциски работи на општина Центар, извршен е увид во предметот и констатирано е дека рокот од договорот од 9 месеци не е испочитуван, не по вина на општината или на институциите на државата, по што е побарано мислење од Транспорт и врски дали и покрај пробиените рокови договорот е во сила. Експресно е одговорено дека договорот е во важност со нелогично објаснување дека ќе настанат штетни последици по Буџетот на РМ ако Министерство влезе во раскинување на договорот. Нема доставено Анекс на договорот .

На средбата беше договорено, по известувањата дека на Никофон му е дадено одобрение за градење, граѓани да ги обжалат решенијата, преку општина до второстепена комисија за жалби. Ова го одложува извршувањето.

Општината по барање на станарите поради заштита на законитоста се обрати до Народниот правобранител, кој единствено има право да ја преиспита законитоста на купо-продажниот договор, од каде што до денес нема одговор.

Поради притворањето на претседавачот на Советот, Мирослав Шиповиќ, силите се изедначени во Советот, и не може да се измени ДУП-от.

Сега, посочија и Жерновски и пратеникот Горан Мисовски е јасно зошто претседавачот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, со политичка одлука и во политички монтиран случај се држи во притвор.

„ Треба сега да дишеме заедно за да не го дозволиме ова “, рече Жерновски. Тој заедно со станарите ќе излезат на прес-конференција за да и кажат на јавноста што се случува во центар, да порачаат јасно дека ќе се борат, бидејќи катна гаража тука не е потребна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.