Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жителите на село Блатец на протест против изградба на хидроцентрала

1
By Нова ТВ on September 24, 2017 ПОЛИТИКА
фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 24, 2017 16:26

Фирмата „Енерџи лукс“ од Штип која треба да ја изгради хидроцентралата на реката Блатешница е основана само неколку месеци пред да им биде доделена концесијата за изградба на хидроелектраната и е  во сопственост на конфекцијата „Виза Фешн“ од Штип, чиј сопственик е Зоран Андоновски. Ова фирма три пати побарала од Регулаторната комисија за енергетика да им биде продолжен рокот за повластен производител на електрична енергија, а досега немаат изградено ништо.

Пишуваат Маја Јовановска и Александра Денковска Гоцевска

Жителите на селото Блатец, кое се наоѓа во Општина Виница, утре ќе излезат на протест и со трактори ќе ја блокираат локацијата каде што се очекува да започне изградбата на малата хидроцентрала „Блатешница“ која треба да ја изгради фирмата „Енерџи лукс“ од Штип. Жителите велат дека на овој чекор се одлучиле затоа што надлежните со години немале слух за проблемот со кој се соочуваат селаните од ова село. Тие сметаат дека со изградба на оваа хидроцентрала ќе им пресуши и онака малата количина на вода што ја имаат од селската река Блатешница.

„Оваа река минува низ нашето село и ние со водата од Блатешница го надополнуваме водоводот од кој пиеме вода. Фирмата што треба да ја гради хидроцентралата планира да изгради цевковод долг 3 километри за потребите на хидроцентралата. Ова е проблем затоа што водоводот ни се наоѓа на трасата на цевководот. Исто така, за нас оваа решение претставува проблем  бидејќи реката и онака има малку вода. Ние тука имаме направено и канали за наводнување на нивите кои се наоѓаат од двете страни на реката. Стравуваме дека ќе останеме без вода и дека ќе настане еколошка катастрофа, односно дека дел од реката ќе пресуши“, велат револтираните жители за НОВА.

Тие велат дека фирмата им дала гаранција дека нема да останат без вода, но жителите не веруваат затоа што сметаат дека бизнис интересите на фирмата им се на прво место.

НОВА ТВ се обиде да стапи во контакт со фирмата сопственик на „Енерџи лукс“, но никој не одговараше на телефонските повици.

Жителите велат дека вакви хидроцентрали веќе се изградени во соседните села. Според нив, хидроцентралата што е изградена во селото Градец во 2012 година веќе им прави проблеми на селаните, а онаа на реката Брбушница допринела реката да остане без вода.

Оваа хидроцентрала во 2012 ја изгради компанијата „Мали хидроцентрали ДОО“ на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

ХИДРОЦЕНТРАЛАТА ЌЕ ЈА ГРАДИ КОНФЕКЦИЈА

„Енерџи лукс Дооел“ Штип- е фирмата која во 2012 година заедно со уште 20 компании добила концесија за да изгради мала хидроцентрала на реката Блатешница. Сопственик на оваа фирма е конфекцијата „Виза Фешн Дооел“ исто така од Штип, која подружница има и во Македонска Каменица. Сопственик на конфекцијата и управител на „Енерџи лукс“ е Зоран Андоновски од Штип.

Конфекцијата има долги години искуство во својата работа, формирана е уште во 2006 година, но за разлика од неа, фирмата која треба да ја гради хидроцентралата е основана речиси три месеци пред да ја добие концесијата, што значи без никакво претходно искуство во оваа работа.

 ТРИ ПАТИ ПРОДОЛЖЕН СТАТУСОТ НА ПОВЛАСТЕН ПРОИЗВОДИТЕЛ

Според документите објавени на веб страницата на Регулаторната комисија за енергетика, за изградба на МХЕЦ „Блатешница“,  на 8 мај во 2013 година, Регулаторната комисија за енергетика на „Енерџи лукс“ и доделила привремен статус за повластен производител на електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија. Според Законот за енергетика, ова значи дека фирмата ќе има можност електричната енергија да ја продава по повластена тарифа од тарифник кој го донесува Владата.

Повластениот статус траел до март 2015 година. Истиот ден кога истекувал повластениот статус компанијата побарала и добила продолжување на повластениот статус до почетокот на јануари 2016 година. Бидејќи не го искористиле ниту овој рок, „Енерџи лукс“ на почетокот на јануари 2016 побарале уште едно продолжување на рокот, што е спротивно на членот 4 од првичното решение во кој пишува дека фирмата има само една можност да бара продолжување на повластениот статус.

Откако го добила и последното барање, Комисијата донела одлука да се консултира со Владата пред на истата фирма да и овозможи уште едно продолжување на рокот. По добиено позитивно мислење од Владата, Комисијата рокот го продолжила до јуни 2017, а фирмата сепак, до денеска нема почнато со никакви градежни активности.

Струјата од малите хидроцентрали 20 години ќе ја откупува државната МЕПСО.

Во 2006 ГОДИНА ВМРО-ДПМНЕ НАЈАВИ 400 ХИДРОЦЕНТРАЛИ

Во 2006 година, ВМРО-ДПМНЕ кога дојде на власт најави изградба на 400 мали хидроцентрали. Оваа што треба да се гради на реката Блатошница е една од тие. Договорот за концесија во Министерството за економија го потпишаа заедно 21 фирма кои добија концесија за хидроцентрали.

Заедно со останатите фирми, договор потпиша и сегашниот вицепремиер задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев. Тој тогаш рече дека ова е нивни 10. Договор и дека 3 мали хидроцентрали веќе имаат вклучено во системот. Тој рече дека инвестицијата се враќа за 8-10 години, а договорите за концесија се на 20 години по што се предаваат на државата.

Блатешница изградба Река село Блатец хидроцентрала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.