Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жив штит пред Ректоратот на УКИМ, се приклучи и Професорскиот пленум

1
By Нова ТВ on June 27, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 27, 2016 10:31

Претставници на Професорскиот пленум во моментов се пред Ректоратот на УКИМ каде што даваат поддршка за студентската блокада на Ректоратот која се случува од 8 часот утринава.

Студенти од повеќе младински организации и Пленумот веќе два часа со блокиран влез на Ректоратот бараат седницата на Сенатот да се одложи се додека не се изберат легитимни студентски претставници.

Тие велат дека со 10-те студентски гласа, денешниот избор на нов ректор ќе биде нелигитимен, бидејќи студентските претставници во Сенатот се со истечени мандати.

Ова тврдење на студентите го поддржува и Професорскиот пленум кој смета дека настаната е правна хаварија и дека Ректорот е должен да ја одложи седницата се додека не се изберат легални студентски претставници.

profesori

Ситуацијата пред Ректоратот е мирна, студентите со жив ѕид го блокираат влезот а до нив се и професорите, додека кандидатите за сенатори придружувани од актуелниот ректор Велимир Стојковски набљудуваат од страна.

Прв кој направи обид утринава да влезе во Ректоратот беше Стојковски кој по излагањето на студентите на нивните барања, се повлече настрана. Стојковски денешната акција ја оцени како глупост и вели дека не смее да се дозволи Универзитетот да функционира без Сенат.

Тој вели дека изборот на ректор е само една од точките на дневен ред но исто толку важно е и Сенатот да изврши избор на професори, а на дневен ред се и научно-истражувачки проекти. Според него се навлегува во сериозен правен проблем.

Освен Стојковски и неколкумина членови на Сенатот во неколку наврати влегоа во расправија со студентите барајќи да влезат во Ректоратот.

Проф. Ненад Новковски
Проф. Ненад Новковски

Громогласен аплауз со негодување  доби и еден од кандидатите за ректор, Ненад Новковски, кој од студентите побара да му овозможат да влезе со цел да се одржи седница на која тој би бил избран за нов ректор и со тоа би ја вратил автономијата на Универзитетот.

Новковски им рече на студентите дека не можат да го блокираат влезот за професорите бидејќи тие се автономни, по што наиде на бурни реакции од студентите кои му порачаа дека како иден ректор тој би требало да застане рамо до рамо со нив.

Во потесен круг за ректор се универзитетските професори Никола Јанкуловски и Ненад Новковски.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тешка сообраќајна несреќа во Словенија – горат возила

January 15, 2026

Капсулата „Кру Драгон“ со болен астронаут и тројца членови на екипажот слета на Земјата

January 15, 2026

Протести во Бугарија поради сомнежи за иборни нерегуларности

January 15, 2026

Пожар во ресторан во главниот шпански град предизвикан од прскалки – нема повредени

January 15, 2026

Слон уби 20 луѓе во Индија – се трага по убиецот

January 12, 2026
ФОКУС
January 15, 2026

Ноќеска европски земји испратија војници во Гренланд

ВЕСТИ January 15, 2026

Германија испраќа 13 војници во Гренланд, потврди германското Министерство за одбрана. Мисијата на Бундесверот ќе…

Данскиот министер за надворешни работи на состанок во Белата куќа: „Имаме фундаментални несогласувања околу судбината на Гренланд“

January 14, 2026

Заврши тричасовната лидерската средба и реши – ништо

January 14, 2026

Зеленски се обрати до нацијата: Ситуацијата во Украина е тешка, најтешко е на фронтот

January 14, 2026
ТИКЕР

Тешка сообраќајна несреќа во Словенија – горат возила

January 15, 2026

Капсулата „Кру Драгон“ со болен астронаут и тројца членови на екипажот слета на Земјата

January 15, 2026

Протести во Бугарија поради сомнежи за иборни нерегуларности

January 15, 2026

Пожар во ресторан во главниот шпански град предизвикан од прскалки – нема повредени

January 15, 2026

Слон уби 20 луѓе во Индија – се трага по убиецот

January 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.